1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународна кризна група – Косово

22 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BWib

Европската унија и САД би требало да ги искористат наредните 4 месеци преговори, под закрилата на „тројката„ да формираат алијанса што би ја координирала транзицијата на покраината кон независност. Ова го препорачува Меѓународната кризна група во извештајот објавен вчера во Брисел. Групата препорачува Европската унија да ја преземе одговорноста за патот на Косово кон надгледувана независност од април или мај идната година, инаку ќе мора да се соочи со насилство во покраината, нестабилност во регионот и дискредитација на заедничката надворешна политика.