1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународна поддршка за преодна влада во Сирија

СН/АМ/ртр/афп/дпа1 јули 2012

Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и земјите кои се граничат со Сирија, на вчерашната (30.06.) конференција во Женева, го поддржаа планот за формирање преодна влада на национално единство во Сирија.

https://p.dw.com/p/15Oqf
Фотографија: dapd

Учесниците на меѓународната конференција за Сирија се согласија дека преодната влада е најдобар пат за постигнување мир во таа земја, но остнува отворено прашањето дали претседателот Башар ал-Асад треба да биде дел од таа влада.

Genf Syrien Konferenz Kofi Annan
Во резулуцијата предложена од медијаторот Кофи Анан, а усвоена на вчерашната конференција, не се бара од Башар ал-Асад да замине од функцијатаФотографија: Reuters

„Новата влада би требало на Сирија да и’ донесе мир, демократија и иднина“, изјави специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија Кофи Анан. Анан на прес-конференцијата во Женева истакна дека на состанокот е договорено дека транзициската влада ќе биде формирана врз основа на взаемен консензус. Тој нагласи дека „сега следува напорна работа и дека народот во Сирија треба да дојде до политички договор“.

Без барање за заминување на Асад

Во резолуцијата усвоена на меѓународната конференција во Женева не се бара од Башар ал-Асад да се откаже од функцијата претседател на Сирија. Тоа беше барање на Кина и на Русија, со кое овие две земји го условија донесувањето на резолуцијата, иако американската министерка за надворешни работи цело време инсистираше во резолуцијата да се вметне и повикот Асад да си замине од власт. Во документот прецизно не е наведено ниту кога треба да дојде до промена на сегашната власт.

Genf Syrien Konferenz Kofi Annan
Хилари Клинтон инсистираше во текстот да биде вметнато барањето Асад да си одиФотографија: Reuters

Резолуцијата само го соддржи предлогот на Анан преодната влада да биде формирана од претставници на сегашниот режим на Башар ал-Асад и од претставници на опозицијата - двете страни кои во моментов се во вооружен конфликт. Учесниците на вчерашната (30.06) конференција посветена на ситуацијата во Сирија во завршната декларација уште се обврзаа дека ќе извршат притисок врз сите страни во конфликтот за прекин на насилството и исполнување на планот на Кофи Анан.