1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓу македонското гостопримство и западните обичаи

Горан Петрески 26 декември 2007

Како дел од странските дипломати и претставници во Македонија ги слават празниците?

https://p.dw.com/p/CgN5
Божик во ФранкфуртФотографија: AP Photo/Bernd Kammerer

Божик за дипломатите во Македонија е шанса да се вратат дома во нивните земји или пак да се запознаат со обичаите на луѓето од Македонија. Заедничко за сите странци кои ги анкетираше Дојче Веле се позитивните семејни чуства што ги буди празнувањето на Божик.

Прослава во Скопје и Париз

Францускиот амбасадор во Скопје Бернар Валеро, не сака да го пропушти пречекот на Новата година во Скопје, но ќе стаса и на семејната вечера во неговиот град.

„Ќе минам само неколку дена во Париз за Божик, и веднаш на 26 декември ќе се вратам во Скопје бидејќи навистина сакам да бидам во Македонија за новогодишната ноќ и на 1 јануари. Прво затоа што ми е важно на прославата да бидам со Македонците и второ бидејќи сметам дека 2008 е важна година и за нас Французите и за Македонците. На 1 јули идната година Франција го презема претседателството со Европската унија, а на Македонија и претстои важен самит на НАТО и продолжување на евроинтегративниот процес“, вели амбасадорот Валеро.

Две прослави на Божик

Европретставникот Ерван Фуере слави два пати Божик, прво католичкиот, а потоа на 7 јануари и со православните верници.

„Нормално за Божик одам дома, во западна Ирска и му помогам на брат ми кој има бизнис со јастози и школки, ги извезува живи на континентот и ова време обично имаме многу работа. Годинава два пати ќе славам Божик, првиот католичиот ќе го минам со моите родители кои се многу стари, татко ми има 97 а мајка ми 91 година, а потоа се враќам во Македонија да го прославам и православниот Божик, така што ова е време на повеќе празници и најдобар начин да се почне новата година“, објаснува евроамбасадорот Фуере.

Македонците - гостопримлив народ

За вработените во скопската канцаларија на германската фондација Конрад Аденауер, денеска е неработен ден, втор ден Божик.

Првиот човек Урлих Клепман е импресиониран од гостопримството на Македонците и начинот на кој тие го празнуваат Божиќ. „Немам специјални навики, минатите години на покана на мои пријатели имав прилика да уживам во гостопримството и особено да видам како луѓето тука го прославуваат Божик. Тоа е доста различно од она што го знаеме ние, за луѓето од западот е важно да имаат голема елка и подароци, а моите овдешни пријатели практикуваат куса посета на црква, а потоа седат покрај трпеза и се присетуваат на пријателите кои тогаш не се со нив, важно е да бидат заедно и слават во вистинска смисла на зборот, а не како кај нас во Германија каде што помалку или повеќе празниот се комерцијализира. Во Македонија е поинаку и ми се допаѓа тоа“.

Воздишка за Божик

Германскиот амбасадор во Скопје Ралф Брет го користи Божик малку да позапре со работа и да се опушти, да ги сумира резултатите од изминатата година и да ги види плановите за во идната.

Годинава нема да си оди дома за празникот, неговите роднини ќе му дојдат во Скопје.

„Ќе имам гости од Германија, роднини, по традиција ќе имаме добра вечера на 24 а потоа и прошетка низ градот. Следниот ден веројатно на екскурзија во природа на различни места во Македонија.“

вели Брет и додава.

„На Божик обично мислам на фамилијарни нешта, на мојата стара фамилија кога моите родители беа живи, и на своите дома, Божик буди силни фамилјарни чуства.“