1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мејд ин Џермани

16 август 2005

Во Германија е предизборна битка. Политичарите ги користат сите средства да ги привлечат на своја страна избирачите, па се слушна и слоганот „Купувајте Германски производи„ на министерката за земјоделство Ренате Кинаст од зелените, според која тоа треба да обезбеди нови работни места. На тоа дојдоа критки за протекционизам, па потоа и објаснувања дека не станува збор за бојкот на странските стоки, туку з

https://p.dw.com/p/AeOG

а еколошки и социјални стандарди. На пример, за спречување на детската работа. Но, како гледаат на тоа поторшувачите до кои е упатен повикот?

Главно да е ефтино е токму она што ја нервира министерката. Со години настапува против трендот за ефтини производи, пред се кај храната, но не само таму. Она што е ефтино главно доаѓа од странство зашто повеќето држави можат да произведуваат поефтино отколку Германија.

Дали како купувач може воопшто да се избере меѓу германска и странска стока? Токму за тоа станува збор. Во една стоковна куќа во Бон можат да се погледнат етикетите за тоа од каде доаѓаат производите: на пантоланите, на маиците, ремените или капите: направено во Кина, Бангладеш, Турција, Романија, ниту еднаш од Германија.

Во одделот за играчки слична слика. Дури и плишаните животни носат етикети: „Направено во Кина под контрола на Германија„.Холгер Бракеман од фондацијата за тестирање стоки вели:

„Консументот денес нема никаква можност да открие од каде доаѓа некој производ. Познатата етикета „Мејд ин Џермани„ што евентуално може да се најде на текстилот или на други производи е само показател, но непроверен показател за тоа дека е направен само финалниот потег„. Да се купуваат германски производи и со тоа не само да се обезбдат работните места, туку да се даде придонес против експлоатирањето и работата на децата би било ликвидација на две муви со еден удар. Но, минувачите во центарот на Бон се се друго, само не убедени:

„Така мораат да реагираат и други држави, зашто ако го правиме само ние, нашиот извоз би бил загрозен„.

„А дали внимавате, кога купувате, од каде доаѓа стоката„?

„Не воопшто, не! Јас купувам само квалитетно. Тоа значи не само по потекло од Германија, зашто и овде се прави ѓубре, за жал, и морам да кажам дека „Мејд ин Џермани„ веќе не е тоа. Значи, прво го гледам квалитетот и потоа решавам дали се исплаќа, а од која земја потекнува е второстепено. Што се однесува до детската работа, мислам дека е добар аргумент, но, луѓето некако мораат да заработуваат пари„.

И покрај се, борбата против експлоатирачките работни услови е се уште најискреното што би можело да влијае врз Германците при решението што да купат. Но, како да решат ако не го знаат потеклото на стоките, што е најчест случај? Тоа е главната цел на фондацијата „Тестирање на производите„ вели Холгер Бракеман. Меѓутоа, се чини само мал број луѓе вистина се интересираат за тоа и се подготвени да издвојат повеќе пари. За мнозинството очигледно едно е најважно: да биде ефтино!