1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Миење на гревовите во Ганг

ЕМФ/дв/дпа10 февруари 2013

Повеќе од 30 милиони луѓе денеска (10.02) се собраа на „миење на гревовите“ во реката Ганг. Секои 12 години Хиндусите од цел свет се собираат во близина на градот Алахабад. Тогаш е врвот на празнувањето на Кумб Мела.

https://p.dw.com/p/17bey
IФотографија: Reuters

Верниците сакаат во северниот дел на Индија да ги измијат гревовите со капење во реката Ганг. Ова е најважниот ден од 55-дневното празнување. Годината има забележано рекорден број верници на Ганг - 34 милиони. На минатото празнување имаше 27 милиони верници.

Празникот на Хиндусите се одбележува на сливот на реките Ганг, Јамуна и Сарасвати (течение кое постои само во митологијата). Точните параметри се определуваат од страна на астролози, врз основа на позициите на Сонцето, Месечината и Јупитер. Организаторите годинава очекуваат до крајот на празнувањето, на 10 март, да се соберат околу 100 милиони луѓе.

„Досега се‘ тече мирно и во ред“, вели портпаролот Ашок Шарма. Во текот на изминатите децнии постоано доаѓаше до масовна паника, со мртви. Овојпат, за се‘ да виде во ред, се ангажирани десетици илјади полицајци и доброволци.