1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Микрософт ја презеде Нокиа

РЃ/дпа/афп3 септември 2013

Деновите на Нокиа како производител на телефони се одбројани по превземањето на компанијата од Микрософт. Нокиа престанува да постои како производител на телефони

https://p.dw.com/p/19aYh
Фотографија: picture-alliance/AP

Американскиот софтверски гигант Микрософт потврди дека ќе ја купи единицата за производство на телефони на финската компанија Нокиа. Се очекува дека овој договор ќе го потресе пазарот за мобилни телефони и ќе му помогне на Микрософт во потрагата на нови бизнис прилики.

Денеска Микрософт објави дека ќе го купи основниот бизнис на Нокиа за сума од 5,44 милијарди евра. На ова ќе биде додадено и купувањето на на одделот за Уреди и услуги, кој ќе чини 3,79 милијарди евра, а за сума од 1,65 милијарди евра ќе биде откупена патентната единица на Нокиа.

Микрософт исто така потврди дека ќе добие 10 годишна неексклузивна лиценца за користење на патентите, а Нокиа пак ќе престане да постои како производител на телефони и целосно ќе се фокусира на мрежни инфраструктури и услуги.

Во заедничка изјава двете компанија рекоа дека договорот кој ќе се комплетира на почетокот на 2014 ќе ги редефинира границите на мобилноста“. Околу 32.000 вработени ќе бидат префрлени од Нокиа во Микрософт штом превземањето е одобрено од регулаторите.

Размрдување на индустријата

Нокиа доминараше на пазарот на мобилни апарати околу 14 години пред Самсунг да ја превземе таа улога во 2012, оттогаш финската компанија не успеа да изнајде начин да се реетаблира на пазарот.

Поради преголемата конкуренција на пазарот Нокиа мораше да го исфрли својот симбиски софтвер и да почне да го користи софтверот на Микрософт во своите мобилни телефони. Извршниот директор на Микрософт во заминување Стив Балмер изјави дека паметните мобилни телефони со Микрософт платформа се телефони со најголем забележан раст во продажба од околку 78% минатата година. Тој исто така додава дека овој договор со Нокиа ќе го зголеми успехот на Микрософт на полето на продажба на паметни телефони.