1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милеј за ДВ: преговорите за името се претворија во дипломатска борба за моќ

14 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CDhS

Од правен аспект Македонија има право да се нарекува онака како што избран државнотворниот народ во државата, вели во интервју за грчката програма на Дојче Веле, професорот на универзитетот во Келн Томаш Милеј. Тоа го потврдува и традицијата во Европа каде што нема пример за тоа една држава на друга да и го оспорува правото на избраното име. Соодветно на тоа и Грција според обичајното право е обврзана тоа да го направи. Томаш Милеј вели дека самата Македонија ја ослободила Грција од таа обврска со потпишување на договорот во 95тата со што се согласува да се водат преговори околу името со Грција. Таквата отстапка на Македонија меѓутоа била условена од грчката политика и во меѓувреме преговорите се претвориле во дипломатска борба за моќ, вели во интервјуто за ДВ Томаш Милеј кој потенцира дека според народното обичајно право сепак Грција има обврска наскоро да го прифати името на соседот.