1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Милионскиот марш“ во Каиро се одвива мирно

1 февруари 2011

Повеќе стотици илјади Египќани се собрани на централниот плоштад во Каиро, кои со т.н „милионски марш“ сакаат да му стават крај на владеењето на претседателот Хосни Мубарак. Нема извештаи за нереди и насилство.

https://p.dw.com/p/QxKl
Од протестот на плоштадот ТахрирФотографија: picture alliance / dpa

Се’ повеќе луѓе од минута во минута се собираа во центарот на Каиро. Главниот плоштад Тахрир е исполнет со демонстранти. Млади и стари, сиромашни и богати протестираат на улиците. Египќани од сите слоеви имаат само една заедничка цел, Мубарак и неговите луѓе мора конечно да си заминат:

„Го повикуваме режимот конечно да се повлече, и му порачуваме на претседателот Мубарак дека повеќе нема да трпиме никого од неговата влада“, велат неколку демонстранти.

Демонстрантите сами се грижат за безбедноста

Entwicklung der Unruhen in Ägypten Flash-Galerie
Милионскиот марш во центарот на КаироФотографија: AP

Тоа што владата говори за реформи не ги омекна демонстрантите. Ниту пак фактот, дека ќе биде преиспитан исходот од последните парламентарни избори во ноември, на кои по масивните лажирања партијата на Мубарак освои 80 проценти од гласовите. Сега треба конечно нешто да се промени, Египќаните предолго страдаа, порачуваат демонстрантите на плоштадот Тахрир во Каиро симболот на отпорот во Египет:

„Целата наша земја, сите ние долго бевме под јарем. Се плашевме, а сакавме со задоволство слободно да говориме и да демонстрираме. Сега сме сите обединети: муслимани и христијани.“

Инаку во близина на плоштадот Тахрир не можат да се видат полицајци ниту војници. Цивили ги контролираат личните карти и ги претресуваат оние кои доаѓаат на протестите. Демонстрантите се организираат самите: „Го правиме тоа бидејќи многу затвореници избегаа значи работите околу безбедноста ги правиме самите. Не ни треба никој самите можеме да ја гарантираме безбедноста тука“, вели еден од контролорите.

Инаку војската која е присутна низ целиот град се придржува кон ветувањето дека нема да употребува сила против мирните демонстранти.

Entwicklung der Unruhen in Ägypten Flash-Galerie
Мохамед ел Барадеи со демонстрантитеФотографија: AP

Протести и во други градови

Египетскиот опозициски политичар, Мохамед Ел Барадеј во меѓувреме го повика претседателот Хосни Мубарак да ја напушти земјата најдоцна до петок. Дури тогаш би можел да започне дијалог со владата изјави добитникот на Нобеловата награда за мир во интервју за ТВ станицата Ел Арабија.

Инаку власта се обиде да ги спречи демонстрантите од внатрешноста да дојдат во главниот град, блокирајќи ги приодните сообраќајници и железнички линии, како и интернет врските и мобилните телефони. Светските агенции од друга страна јавуваат за собири и во другите поголеми египетски градови. Само во Александрија на улица протестираат 50 илјади луѓе.

Автор: СН/АТ/дпа/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фидановска