1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милијарди помош за цивилна обнова на Авганистан

АТ/ дпа/ дапд8 јули 2012

Меѓународната заедница нема да го препушти Авганистан сам на себе по повлекувањето на трупите во 2014 година. На конференцијата во Токио се навестува помош во висина од милијарди.

https://p.dw.com/p/15TXj
Фотографија: Reuters

На меѓународната конференција за Авганистан што денеска (08.07.2012) се оддржува во Токио земјата доби ветувања за помош од повеќе од 16 милијарди долари за периодот до 2012 до 2015 година, се вели од кругови на делегацијата на домаќинот Јапонија.  Авганистан од своја страна во завршниот документ се обврзува на редица задачи: од оддржување слободни избори преку подобар финансиски надзор па се’ до борба против корупцијата. Исто така треба да биде утврдено дека владата во Кабул ги реалзира ветувањата.

Карзаи е самокритичен

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи вети дека ќе води засилена борба против корупцијата во својата земја. И покрај напредокот кој е постигнат во изминатите години, Авганистан не е стабилна земја, а економијата е премногу слабо развиена. Корупцијата ја загрозува ефикасноста на меѓународната помош. Потребна е тешка работа, уште долги години, пред Авганистан да стекне самостојност, истакна Карзаи.

Tokio Geberkonfrenz für Afghanistan im Januar 2002 Koizumi Karzai
Карзаи на донаторската конференција во ТокиоФотографија: picture-alliance/dpa

Меѓународната заедница бара резултати

„Потребно е владата на Авганистан да биде добро раководена, потребно е подобро раководење на владата“, изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле пред делегатите од околу 70 земји донатори и соседи како и меѓународни организации. Германија, по САД и Јапонија е третиот по големина донатор за Авганистан, и по повлекувањето на борбените трупи во 2014 година ќе вложи натамошни 430 милиони евра годиншно, „најмалку до 2016 година“ во развојот на земјата. Идната цивилна поддршка јасно ќе биде врзана за реформите во Авганистан, дополни Вестервеле. Во 2014 година на конференција во Велика Британија ќе се направи проверка за напредокот на реформите.

Ситуацијата во Авганистан, и покрај сиот напредок во областа на безбедноста и развојот, и натаму е „фрагилна“, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Народот во Авганистан мора да добие „долгорочни изгледи“ за иднината, смета Бан. Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека не смее да има враќање на порашените состојби што се однесува до безбедноста во земјата.

Еднодневната конференција во Токио е цивилниот пандан на самитот на НАТО во Чикако, во мај, на која беа ветени средства за безбедносните сили во земјата. Заедно со ветувањата во Токио, Авганистан може да смета на помош во висина од осум милијариди долари годишно. Меѓународната заедница се надева дека на овој начин ќе ја обезбеди стабилноста на Авганистан.