1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милошоски и Еленовски во НАТО

9 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag5q

Македонските министри за надворешни работи и одбрана, Антонио Милошоски и Лазар Еленовски по денешниот состанок во Брисел со северно-атлантскиот совет изјавија дека била дадена позитивна оценка за напредокот на Македонија за членство во НАТО. Позитивната оценка не значи гаранција, туку поттик за продолжување на овој прогрес, истакнаа министрите по средбата. Министерот Еленовски изјави дека позитивно се оценети реформите во одбраната и учеството на мисиите во странство. Советот на НАТО побарал од Македонија да подготви мини-акционен план што би финиширал до крајот на февруари идната година.