1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милошоски: решение на спорот со Грција до самитот на НАТО?

24 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BwCU

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски изјави дека е пожелно да се најде решение за билатералниот спор со Грција околу името на Македонија пред самитот на НАТО во април наредната година. „Република Македонија во овој процес ја користи силата на аргументите, додека за жал Грција во одредени моменти го користи аргументот на сила за да изврши притисок врз Македонија“ – рече Милошоски по средбата со Николас Шмит, луксембуршки министер за надворешни работи и имиграција.

Милошоски попладнево ќе оствари средба со колегата од Словенија Димитриј Рупел. Во фокусот е процесот на приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО. Во Скопје престојува и бугарскиот министер за европски прашања Гергана Грнчарова, која ги пренесува европските искуства на Бугарија.