1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Министерот за култура Илиријан Бекири поднесе оставка

2 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHj

Македонскиот министер за култура Илиријан Бекири поднесе оставка на функцијата. Таа следува по случајот со забрана на претстaвата „Тито, сигурни дијаграми на копнежот.“ Според министерот Бекири, оставката му е изнудена, и како што вели во образложението на оставката тој самиот се смета за „докажан консеквентен застапник на демократските вредности и немилосрден одбивач на комунистичките вредности.“

Министерството за култура првично ја попречи премиерата на театарската претстава „Тито, сигурни дијаграми на копнежот“ со образложение дека не поддржува проекти што не се од национален интерес. Забраната брзо беше повлечена по реакциите од јавноста, а премиерата на театарската претстава се оддржа во саботата во Битола.