Министрите на ЕУ ги одобрија визните олеснувања
13 ноември 2006Реклама
Со договорите за олеснување, постапката за издавање виза за патување во ЕУ ќе биде олеснета и забрзана за граѓаните од регионот на западен Балкан. Преговорите треба да почнат уште во текот на овој месец и како што се согласија министрите да бидат што побргу завршени. Визното олеснување ќе се однесува за новинари, професори, студенти, бизнисмени. Цената на шенген визите за земјите од регионот останува непроменета и натаму ќе изнесува 35 евра.
ЕК истакна дека донесената одлука ќе биде многу важен поттик за врските меѓу луѓето од реионот на западниот балкан и ЕУ.
На состанокот шефовите на дипломатиите одобрија и почеток на преговори за реадмисија, односно прифаќање на одбиените илегални имигранти, со Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ.
Советот на министри ги повика властите во регионот на засилени реформи во насока на јакнење на прваната држава, сузбивање на организираниот криминал, корупцијата и илегалната миграција. Исто така потребна е засилена контрола на граничните премини и патните исправи.