1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Минтеферинг се повлекува од функциите

13 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CAsN

Вицеканцеларот и министер за труд во сојузната германска влада Франц Минтеферинг се повлече од функцијата. Веста ја потврди портпарол на министерството за труд во Берлин. Претходно за повлекувањето на политичарот од СПД пишуваше и весникот „Берлинер Цајтунг„ Минтеферинг според информациите одлучил да се повлече поради семејни причини. Неговата сопруга подолг период боледува од рак.