1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Минхен - рај за арапските туристи

5 септември 2011

Минхен е еден од посилните туристички магнети во Германија. Во лето тој се претвора во вистински рај за љубителите на шопинг од арапските земји. Тие тука бараат спас од неподносливите горештини во нивните татковини.

https://p.dw.com/p/12FPq
Арапски туристи во шопинг посета на Максимилијанштрасе во МинхенФотографија: dadp

Изненадувањето од посетата на шеиците од арапските земји во нивните бели одори веќе одамна е поминато. Баварците во меѓувреме го активираа ионака добриот претприемачки инстикт и од егзотичните гости прават вистински „златен рудник“. Ако тие веќе доаѓаат на гости и не знаат што да прават со парите, тогаш домаќините треба некако да им помогнат. Она што особено добро се продава, тоа се луксузните стоки.

За златарот Манфред Хилшер летната сезона е време кога прави најголем промет, многу арапски туристи се во градот и радо купуваат луксузна стока.

München Marienplatz Flash-Galerie
Преку 100 илјади туристи само оваа година го посетија Мариенплац во МинхенФотографија: Chris 73

 „Во светот има само 25 примероци на овој часовник, во Германија овој е единствениот. За него е заинтересирана жената на еден шеик, која за својот маж бара нешто посебно. Со неа ќе се сретнеме следната недела."

Часовникот чини 154.000 евра. Ова момче од Обединетите арапски емирати го поведе својот преведувач и до сега купи три часовници. 

Арапските гости во Минхен радо го одврзуваат кесето

Центарот на Минхен – Мариенплац. Оваа година главниот град на Баварија го посетија 100 илјади арапски туристи. Веројатно ќе дојдат уште многу повеќе.

За посакуваните туристи досега се изработени разни прецизни студии.

Ägypten Kopftuch Nikab
Арапските жени облечени во бурка слободно купуваат луксузни подароци за своите сопрузиФотографија: AP

Знаеме дека токму гостите од арапските земји трошат повеќе пари отколку што тоа го прават лицата од другите региони на светот. Истражувањето покажа дека еден гостин од арапските земји дневно во продавницата остава помеѓу 500 и 1.000 евра. Во тоа не се пресметани трошоците на ноќевање и одењата во ресторан. За Минхен е тоа важен стопански фактор.

Арапите задоволни - минхенските трговци ги тријат рацете

Максмилијанштрасе - е најскапата улица во Минхен. Еден до друг се нижат луксузни бутици. Арапите овде најмногу го ценат луксузот и дискретноста. Во Минхен се чувствуаат сигурно. Додека во Франција и Белгија им е забрането да носат бурка, овде тој проблем не постои.

И луксузната стоковна куќа Оберполингер во потплоност се подготви за арапската клиентела. Оваа стоковна куќа 20 насто од обртот го остварува од продажбата на стоки на Арапите, поради што во меѓувреме вработи и пет трговци кои зборуваат арапски јазик.

„Многу муштерии радо доаѓаат кај нас, на пример принцезата од Саудиска Арабија доаѓа еднаш седмично. Последниот пат овде купи парфем за 600 евра... Шеикот од Катар само што купи стока во вредност од три илјади евра“, задоволно ги тријат рацете трговците од Минхен.

Автор: Јоана Готшалк / Светлана Брик

Редактор: Горан Чутаноски