1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мирна претпладневна дебата во македонското собрание

Александар Чомовски4 октомври 2006

Во македонскиот парламент продолжува дебатата за законот за полиција.

https://p.dw.com/p/Ac2k
Парламентот во Скопје
Парламентот во СкопјеФотографија: aptn

Во македонското собрание продолжува амандманската расправа за законот за полиција. Претпландевната мирна но и остра вербална конфронтација меѓу ДУИ и ДПА за момент го прекина пленарното заседание на парламентот. Пратениците од ДУИ ги смирија страстите и наместо вчерашната опсада на собрансиката говорница, денеска со амандмани и долги објаснувања ја прават здодевна и празна собраниската сала.

ДУИ бара да се прецизира постапката за избор на началниците

ДУИ сега инсистира на прецизирање на постапката, како да се избираат регионалните и општински полициски началници. Потпретседателот на партијата Муса Џафери денеска на одделна прес конференција се посомнева во тенденцијата на владеачката ДПА да го маргинализира Охридскиот договор и прашањето на изјаснувањето на Албанците преку Бадентеровото правило.

Коалициските парнтери СДСМ и ЛДП се против предлогот на владата за двојно намалување на професионалниот стаж на полициските функционери кои ќе се избираат за така наречени општински шерифи.

Прифатена само една измена од законот за полиција

Спикерот Георгивески ја води амандманската расправа без проблеми, а министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска досега прифати само една измена на законот за полиција од таборот на ВМРО Народна. Не е прифатена ни идејата во Прилеп да се формира регионалнат полициска станица, седма, иако во градот во последнава година се случија повеќе од десет убиства, а експлодираа и десетина бомби и се случува жестока битка во тамошното градско подземје.

Внатрепартиска битка во СДСМ

Интересно е што во редовите на СДСМ се понагласено е отсуството на Радмила Шеќеринска но и на лидерот Владо Бучковски од парламентарното заседание кои се во битка за гласови, кој ќе ја води партијата, пред изјаснувањето на партиската конвенција на СДСМ. Во сабота се гласа за доверба на Владо Бучковски, поранешен премиер и актуелн лидер, а отвроени аспирации за негов наследникк манифестира поранешата вице премиерка Радмила Шеќеринска.