1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мировна награда на Ахен

2 септември 2005

Со доделувањето на годинашнава нагарада за мир на градот Ахен на Хане Хиоб, се вели во образложението, се поставува сигнал против сите неонаицистичките обиди, фашизмот повторно да влезе во политиката.

https://p.dw.com/p/AeUV
Катедралата во Ахен
Катедралата во АхенФотографија: dpa

Се наградува жена, керка на Бертолд Брехт, сега веќе 82-годишна актерка која во 1976 годдна ја заврши театарската кариера, но енергично продолжи да се бори со читања и антифашистички акции против десниот радикализам и воинственоста:

„Беше прекрасно кога сакав да ги читам моите ’Последни писма од конц-логорот’ на универзитетите и училиштата. Ми одговорија: не, би било еднострано. Потоа јас одговорив дека кога следниот пат по секое читање ќе пеам химна за Хитлер, тогаш нема да биде еднострано. Потоа изнајмив сала и сепак го направив тоа„.

Родена на 12 март 1923 година во Минхен како прва керка на Бертолд Брехт и неговата прва сопруга, оперската певица Маријане Цоф, а растеше во вториот брак на мајка си со артистот Тео Линген. За време на Втората светска војна живеше во Виена и таму се образуваше за артистичката кариера што започна во Салцбург. Берлин, Хамбург, Цирих и Минхен беа станиците на нејзината артистичка професија. Во битката против фашизмот, милитаризацијата и војните, Хане Хиоб беше огорчен противник, понекогаш и жесток. До денес неуморно настапува со нејзините антифашистички програми. Нејзините актуелни читања, „Последните писма од концентарциониот логор„ ги презентираше повеќе од 200 пати. Продолжува нејзината битка против десниот радикализам и за мир.