1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мирот нема алтернатива

8 мај 2007

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер ја заврши посетата на Израел,која не беше ни малку лесна,зашто израелската влада внатрешнополитички има големи проблеми. Ова сигурно не е добар предуслов за продолжување на мировниот процес на Блискиот исток,но тој нема алтернатива.

https://p.dw.com/p/AdrR
Штајнмаер и Ливни во Ерусалим
Штајнмаер и Ливни во ЕрусалимФотографија: AP

Не смее да има застој,потенцираа германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер и неговата израелска колешка Ципи Ливни за време на заедничката прес- конференција во Ерусалим.Внатрешнополитичката криза во моментов во Израел не смее да води кон ќорсокак за обновувањето на блискоисточниот мировен процес:

„Знам дека во последниве денови внатрешнополитичката ситуација не е ни малку едноставна.Но ние и двајцата исто така знаеме дека состојбата во блискоисточниот мировен процес не дозволува воопшто пауза.Не постои алтернатива,според мене улогата на ЕУ се состои во тоа,колку што е можно повеќе да ја поддржиме оваа задача.“

Штајнмаер затоа ја покани Ципи Ливни на едне од следните самити на шефовите на дипломатиите од земјите на ЕУ,кога ќе има прилика да ја претстави својата позиција.На 14 мај во Брисел доаѓаат и арапските министри за надворешни работи заради размена на мислења.

Ципи Ливни на прес конференцијата оставаше впечаток на загриженост.Во последните недели таа го повика премиерот Олмерт да даде оставка поради „Виноград- извештајот“ за неговата улога и грешките во либанската војна.Истовремено таа потенцираше дека останува на функцијата и сака да се погрижи околу раководењето на Кадима партијата.Оттогаш,нејзината позиција во валадат е видно ослабена.На викендот таа и премиерот се согласиле дека и покрај кризата треба да ја продолжат соработката:

„Морам секој ден кога ќе станам да размислам и да с епрашам дали доволно сум направила за напредок на дипломатскиот процес и како тој да се придвижи нанапред.Мојата грижа за тоа е и основата за останување на функцијата и за соработката со премиерот.“

Средбата со Ливни беше последната станица на тридневното патување на германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер на Израел и окупираните палестински области.Претходно тој се сретна со израелскиот премиер Ехуд Олмерт.Во Рамала во саботата Штајнмаер имаше размена на мислења со палестинскиот претседател Махмуд Абас и и двајца министри,но не се сретна со претставници на владата од радикално исламскиот Хамас.