1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мисија: Победа на Бајерн Минхен на домашен терен

Јенс Крепела / Александра Трајковска 19 мај 2012

За Бајерн Минхен финалето во Лигата на шампионите на домашниот стадион во Минхен е натпревар на столетието. Противникот, екипата на Челзи, и покрај проблемите со играчите се надева на меѓународна титула.

https://p.dw.com/p/14yem
Фотографија: AP

Сребрениот пехар со големи рачки може да остане таму каде што е, во Минхен - ова е голема желба на Бајерн пред денешното финале во Лигата на шампионите. Тимот на Бајерн Минхен е првиот клуб во историјата на купот кој на домашен стадион има шанса да го освои посакуваниот пехар. „Многу повеќе отколку што е вообичаено пред еден натпревар се размислува за можните ситуации, на работи кои би можеле да се случат и затоа мислам дека секој натпреварувач чувствува дека тоа е нешто посебно“, вели напаѓачот Марио Гомез. Претседателот на клубот Ули Хенес оди чекор подалеку. „Ова е хајлајт во историјата на Бајерн“, го цитира весникот „Зиддојче цајтунг“.

Fußball Champions League Halbfinale FC Bayern München Real Madrid
Баварците со нетрпение го очекуваат финалето во Лигата на шампионитеФотографија: picture-alliance/dpa

Најважна цел на последните тренинзи беше да се поврати самодовербата на играчите на Бајерн Минхен. По дебаклот во Купот на Германија и поразот од Борусија Дортмунд со 2 спрема 5, во подигањето на моралот не беа вклучени само тернерот Јуп Хајнкес и претседателот Хенес: „Верувајте ми дека целиот клуб неделава ќе работи на тоа“, нагласи Хенес. Напаѓачот Гомез го врти погледот напред. Тој „нема страв, нема чудно чувство, туку апсолутна доверба во играчите“. Во финалето нема да смеат да настапат Давид Алаба, Холгер Бадштубер и Луиз Густаво. Тренерот Хајнкес мора да ја прегрупира дефанзивната игра на екипата. Во одбраната најверојатно ќе бидат поставени Анатоли Тимошчук, Диего Контенто би можел да го замени Алаба на левата позиција, додека Тони Крос би можел да ја преземе позицијата на Густаво во дефанзивиниот центар.

Извонреден биланс на Ди Матео

Во тимот на Челзи, покрај капитенот Џон Тери, казнети се и Бранислав Ивановиќ, Раул Маирелес и Рамирес. Во дефанзивата се очекува за натпреварот повторно да бидат оспособени Гери Кејхил и Дејвид Луиз. „Сите фудбалери на светот сакаат да играат во финале на Лигата на шампионите и јас ги бројам деновите“, вели Луиз. Капитенската лента кај лондончаните денеска (19.05) ќе ја преземе Франк Лемпард. Стратегот од средниот ред зборува со голем респект за колегите од Минхен, Швајнштајгер и Крос. „Во оваа сезона тие се вбројуваат меѓу најдобрите светски играчи во средниот ред“. Се разбира и Лемпард ја посакува титулата. Четири години по драмата при изведување пенали против Манчестер Јунајтед во финалето во Москва, на 33 години најверојатно ја има последната шанса да го освои посакуваниот пехар. Освојувањето на титулата би било бајка и за Роберто ди Матео, кој со сините веќе го освои Купот на Англија и во полуфиналето во кралската класа ја фрли Барселона на колена.

Roberto Di Matteo
Ди Матео сака со Челзи да ја освои меѓународната титулаФотографија: Reuters

Лев верува во Бајерн

Со големо нетрпение финалето се очекува и на Сардинија. Таму во моментов престојува германската фудбалска репрезентација на регенеративен тренинг и тренерот Јоги Лев испраќа охрабрувачки поздрави во Минхен: „Чисто по чувство велам - Бајерн ќе успее“, вели Лев, можеби помалку и од себични причини. Имено, уште еден пораз во финале, и тоа на домашен терен, на осумте играчи од Бајерн кои се членови и на репрезентацијата ќе има ја убие желбата за фудбал. Желбата за финалето меѓутоа кај баварците е голема „Напнатоста и концентрацијата растат од час во час“, вели голманот Мануел Нојер, „сите многу се радуваме и се надеваме, дека оваа радост ќе може да се види и на теренот“. Сведоци ќе има доволно, ако се исполни сонот на минхенчани. На финалето се очекуваат околу 2.000 новинари, а натпреварот ќе биде пренесуван во повеќе од 200 земји.

Uli Hoeneß
Победа на Бајерн во финалето на домашен терен во Минхен би била круна на кариерата на Ули ХенесФотографија: Reuters