1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мит Ромни вети подобра Америка

Симе Недевски/дпа/афп31 август 2012

Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД се презентираше како „новиот човек за Америка“ . Тој вети враќање на САД кон стариот сјај и милиони нови работни места.

https://p.dw.com/p/161Ht
Фотографија: Reuters

Ова беше негов аплауз, негова вечер. Републиканската партија во Тампа го славеше својот носител на надеж Мит Ромни.

„Ја прифаќам номинацијата на Републиканската партија за претседателски кандидат на САД“, порача Ромни пред неколку илјади делегати на последниот ден на изборната конвенција на партијата.

Едноставни и јасни пораки. Семејство,црква, слобода, тоа се камен темелниците на САД. И Ромни полага надежи на своето искуство како деловен човек. Во обраќањето на конвенцијата по прифаќањето на номинацијата тој порача дека подготвил план од пет точки кој ќе го спроведе доколку стане претседател на САД.

„На Америка и се потребни работни места. Имам план да создадам 12 милиони нови работни места“.

Ромни упати и многу остри критики за неговиот противкандидат, актуелниот претседател на САД, Барак Обама.

Тој ја повтори неговата најава дека ќе ја поништи реформата на здравствениот сектор која ја спроведува Обама. Ромни го обвини својот ривал дека ја води земјата во погрешна насока. Покрај креирањето работни места кандидатот на републиканците најави дека до 2020 година планира да ги направи САД енергетски независни од странство.

Во освртот на надворешната политика тој го пофали Обама за убиството на лидерот на Ал каеда, Осама бин Ладен. Но Ромни смета дека актуелниот претседател на САД реагира многу колебливо во спорот со Иран околу неговата атомска програма и оти на цедило ги оставил важните сојузници Израел и Полска.

Труман и Реган како примери

Кандидатот на републиканците сака политички промени, и враќање кон политиката во стилот на поранешните републикански претседатели Хари Труман и Роналд Реган.

„Ако бидам избран за претседател на САД , целата моја енергија ќе ја употребам за ја водам Америка кон подобра иднина“, истакна Ромни.

Mitt Romney
Мит РомниФотографија: Reuters

Неговите приврзеници тој одамна ги убеди во своите способности. Меѓу нив е и холивудкиот актер и режисер Клинт Иствуд кој со една актерска точка на изборната конвенција во која водеше имагинарен разговор со избирачите разочарани од Обама, му ја искажа својата поддршка на Ромни. До изборите на 6 ноември меѓутоа републиканскиот кандидат Ромни треба на своја страна да ги приврзе и поголем дел од Американците.

Претседателот Барак Обама во наредната недела на изборната конвенција на Демократската партија повторно треба официјално да ја добие номинацијата за трката за највисоката функција во државата.