1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Михаел Шумахер го откажа кам-бекот во Формула 1

11 август 2009

На својот веб-сајт, седумкратниот шампион во Формула 1 наведува дека главна причина за ваквата одлука се незалечените повреди на вратот, по сообраќајна несреќа со мотор во февруари годинава.

https://p.dw.com/p/J7UU
Михаел ШумахерФотографија: dpa

Поради здравствени проблеми 40-годишниот Михаел Шумахер не е во состојба да се врати на трките од Формула 1. Тој на 29 јули најави дека на определено време треба да го замени возачот на Ферари, Фелипе Маса, кој тешко се повреди на патеката во Хунгароринг, за Големата награда на Унгарија. Во денешното соопштение на неговата интернет страница, Шумахер уште вчера им ја соопштил одлуката на одговорните од тимот на Ферари. „Сторив апсолутно се’ овој кам-бек да биде возможен на време, но на мое длабоко жалење, тоа не успеа“, се вели во соопштението на интернет страницата. „Најдлабоко сум разочаран“, пишува Шумахер.

BdT Formel 1 Michael Schumacher in Budapest
Фотографија: AP

Автор: СН/АТ/дпа

Редактор: Александра Трајковска