1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мијанмар-притисок и дипломатија

28 септември 2007

САД го зголемуваат притисокот врз Кина со цел да го употребат своето влијание во Мијанмар за да помогнат во демократизација на оваа земја.Воениот режим во Мијанмар вчера повторно примени сила против демонстрантите

https://p.dw.com/p/Bkb8
Фотографија: picture-alliance/dpa

Американскиот претседател Џорџ Буш синоќа разговараше со кинескиот министер за надворешни работи Јанг Џиечи околу ситуацијата во Мијанмар.Буш ја замоли Кина да го искористи своето влијание во регионот за да помогне во преминот кон демократија на Мијанмар.Истовремено Буш се заблагодарил за напорите на Пекинг да овозможи посета на специјалниот претставник на ОН во Рангун.Тамошната влада најави подготвеност да го прими специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун Ибрахим Гамбари.

Барање да бидат дозволени мирни протести

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд во Њујорк побара од воениот режим во Мијанмар да дозволи мирни протести:

„Го повикувам режимот да дозволи мирни протести,да го охрабри националниот дијалог.“

Воениот режим во Мијанмар инаку продолжува со запирањето на демонстрациите во земјата.Пет будистички манастири се прогласени за забранети зони,монасите од нив се обвинети за водачи и поттикнувачи на протестните движења.Со тоа владата во Рангун обзнанува дека сега ги има под контрола монасите,а потоа ќе се пресметува и со цивилите при протестите.

Се очекуваат засилени конфронтации

Силите на безбедноста во минатите денови употребуваа насилство за да ги спречат демонстрациите,загинаа најмалку девет лица,а стотици се приведени.Набљудувачите сметаат дека во наредните денови ќе дојде до засилени конфронтации.Убиството на кинескиот фотограф во Мијанмар покажа колку е таму опасно по живот за странските набљудувачи.Меѓу новинарите во оваа земја сеуште се наоѓа и екипа на Дојче Веле од Академијата за новинари,не за да известува,туку за да врши обука на тамошни новинари.Аделхаид Фајлке Тиман е во екипата,нејзините впечатоци од минативе неколку дена:

„Деновиве сигурно беа во знак на растечка напнатост.На викендот расположението беше сеуште мирно,и во хотелите. Но,таа веќе се променува,последниве денови расположението е видно влошено,се забележува голем немир,нервоза.Луѓето едноставно не знаат што ќе следи,многу се несигурни“,вели Тиман.