1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мињон: На Балканот постои отворен конфликт

Тони Гламчевски27 април 2012

Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Жан-Клод Мињон вели дека е загрижен по последните трагични настани што се случија во Македонија.

https://p.dw.com/p/14luj
Жан Клод МињонФотографија: picture-alliance/dpa

„Тоа е драматичен настан, тоа е нешто што не загрижува. Јас сум во тек со ситуацијата и се информирам. Потребно е таа да се разгледува интелегентно, со дистанца и избегнувајќи да даваме изјави кои ќе придонесат за разгорување на огнот. Ние не можеме да ги затвориме очите по такви драматични настани и да се потсети на обврските на нашите партнери, покрај потребата од едногласна осуда на тоа што се случи“, вели Мињон за ДВ.

Во однос на безбедносната ситуација на Балканот, Жан-Клод Мињон смета дека на Балканот се уште постои отворен конфликт:

„Јас зборував за замрзнатите конфликти. Но ова не е замрзнат конфилкт. Тој е присутен и не загрижува многу. Без да се навраќаме во подалечната или поблиската историја, тоа што се случи неодамна сведочи дека проблемите се сеуште присутни. “

Претседателот на ПССЕ најави дека на есенската сесија на паневропската асамблеја на дневниот ред ќе биде ставена ситуацијата на Косово, при што ќе биде опфатена и ситуацијата во регионот.

Извори во Советот на Европа информираат дека при идната посета на Македонија Роберт Валтер - известувачот на ПССЕ за постмониторинг дијалог со Македонија, посета која ќе биде на почетокот на мај, покрај предвидените теми од порано: борбата против корупцијата, организираниот криминал, политичкиот систем, јавната администрација или лустрацијата, тој сака да се запознае и за меѓуетничките односи во земјата.