1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младите - најголеми жртви на кризата

ЖА/дв/макфакс5 септември 2012

Меѓународната организација за труд, ИЛО, предупреди од опасноста од глобален пораст на невработеноста кај младите. Организацијата на ОН бара преземање повеќе мерки за вработување и обука на младите.

https://p.dw.com/p/163i3
Фотографија: picture-alliance/dpa

Процентот невработени млади луѓе во светот ќе се влошува до 2017. година, бидејќи кризата во еврозоната се шири од развиените земји на новите брзорастечки економии.

Ова се предвидувањата што Меѓународната организација за труд ИЛО ги предвидува во студијата што вчера (04.09) ја претстави во седиштето на организацијата во Женева.

„Преглед на невработеноста во светот: мрачни изгледи за младите на пазарот на трудот“, вели Екхард Ернст водечкиот автор во изготвувањето на студијата.

Постепениот пад на невработеноста на младите ИЛО го очекува во развиените економии, кадешто невработеноста од 17,5 отсто во 2012. година, би требало да падне на 15,6 проценти во 2017. година. Меѓутоа, сепак, оваа бројка е поголема до 12,5 отсто, колку што стапката на невработеност кај младите изнесуваше во 2007. година, пред избувнувањето на кризата.

Logo ILO International Labor Organization
Фотографија: AP GraphicsBank

За земјите од централна и источна Европа, ИЛО предвидува пораст на невработеноста на младите од 16,9 на 17 отсто во 2017. година. Експертите проценуваат дека предвидениот пад на невработеноста во развиените земји нема да биде последица на подобрувањата на пазарот на трудот, туку многу повеќе последица од откажувањето и исклучувањето на младите од пазарот на трудот.

Втората важна прогноза е дека постепениот пад на невработеноста во развиените земји нема да биде доволен да го придвижи трендот на светско ниво. Должничката криза во еврозоната го кочи развојот и на Источна Азија и Латинска Америка.  Невработеноста на младите, според овие предвидувања, ќе биде најголема во Северна Африка и на Блискиот Исток, повеќе до 25 отсто.

Во заклучоците на студијата, експертите на ИЛО ги повикуваат владите и социјалните партнери да ги поддржат младите работници, бидејќи тоа носи долгорочна полза за земјите.

Arbeitslosigkeit
Фотографија: Getty Images

На годишната конференција во јуни 2012. година ИЛО ја прифати Резолуцијата со којашто се повикува на итна, насочена акција со цел да се намали невработеноста на младите, преку преземање различни мерки, од макроекономски политики до поттикнување на претприемништвото кај младите.

Во студијата, меѓу другото, се напоменува дека особено внимание треба да им се посвети на младите луѓе коишто се обесхрабрени и се откажуваат од барањето работа.  Експертите ги повикуваат државите да осмислат специјални програми за вработување на младите лица, какви што веќе се практикуваат во Австрија, Данска, Финска, Норвешка и Шведска,