1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младите со иселеничко потекло остануваат изолирани во Германија?!

Ана Петерс / Марта Таневска16 август 2013

Изборот на училишта за децата во Германија сѐ повеќе зависи од нивната социјална и етничка припадност. Но начинот на социјална поделеност носи неповолности за мигрантите, покажува неодамнешна студија.

https://p.dw.com/p/19Bga
Фотографија: picture-alliance/dpa

Тој тренд расте годиниве во Германија - и покрај напорите на земјата за интегрирање: „одвоеното образование“ е во подем - посебно во посиромашните населби во големите градови во земјата како Келн, Франкфурт, Берлин, кои имаат повеќе мигранти.

Во многу училишта во тие населби, поголемиот број на граѓани дома зборуваат турски отколку германски. Германските фамилии во тие области повеќе сакаат да ги запишуваат децата во подобри училишта во други населби - подалеку од, како што велат локалните политичари, „социјалните жаришта“.

Подобрување на условите за учење

“Одвоено образование“ значи поделба на учениците според нивниот социјален статус и етничко потекло. Поделбата се случува откако децата ќе завршат основно образование.

Одделот за истражувања на Советодавното собрание при Германската фондација за интеграција и миграција(СВР) објави студија во која се истражува напредокот: „Учениците во одделенијата со повеќе мигранти почесто се соочуваат со недостатоци во смисла на услови за учење и работа“, вели Јан Шнајдер, раководителот на одделот за истражувања при СВР.

Наместо да се фокусираат на тоа зошто се случува таа одвоеност, истражувачите анализирале опции како училиштата и властите да се справат со феноменот. СВР не препорачува политички мерки што би ги натерале родителите кои дома зборуваат германски, да ги запишуваат своите деца во училишта во кои има деца со иселеничко потекло.

Според студијата, тоа само би провоцирало „во голема мера политички и социјален отпор“. Затоа СВР разгледува други опции за подобрување на условите за учење на девојчињата и момчињата во училиштата што се избегнувани од германските родители.

Може да се матурира ако добро се познава јазикот

Средното училиште „Бертолт Брехт“ е лоцирано во населба во Бон, која не е дел од богатите области на поранешниот главен град. Повеќе од една третина од учениците имаат иселеничко потекло. Некои од нив не се долго во Германија; други се родени тука, но дома не зборуваат германски со своите родители.

Директорот Рајнолд Фајфер го става фокусот на подобрување на јазичните способности на неговите ученици. Тој знае дека совршеното познавање на германскиот јазик е главно за да се положи матурата, германската највисока училишна диплома. Фајфер и неговите колеги ги предизвикуваат учениците од најмала возраст: „Она што го правиме е, секој германски час се предава од двајца колеги со тоа што едниот секогаш може да одбере неколку деца за посебни групи за учење. Или им држиме дополнителни часови или - кога имаме подобри ученици- им даваме дополнителни задачи“.

Bertolt-Brecht Gesamtschule Bonn Deutschland NRW
Средното училиште „Бертолт Брехт“ е лоцирано во населба во Бон, која не е дел од богатите области на поранешниот главен градФотографија: Bertolt-Brecht-Gesamtschule

Освен посебниот фокус на германскиот јазик, средното училиште „Бертолт Брехт“ исто така нуди и таканаречени меѓународни одделенија: „Тоа се одделенија каде ги групираме децата од 14 до 16 години, кои нормално би учеле различни нивоа, но се групирани во меѓународните одделнија затоа што не зборуваат воопшто германски“. Целта на тие одвоени часови е да научат децата германски со тоа што за две или три години да бидат интегрирани во традиционалниот училишен систем. Наставната програма за тие меѓународни одделенија вклучува до 12 часови германски во една недела.

Експертот по образование Диана Сахрај од универзитетот Дуизбург-Есен исто така го испитува феноменот на одвоено образование. Таа го поздравува посебниот фокус на јазичните способности во училиштето во Бон. Но Сахрај останува скептична кога се работи за одржување посебни часови за деца со ограничено познавање на германскиот: „Ако тие часови продолжат повеќе од една до две години, учениците кои не зборуваат воопшто германски остануваат изолирани и ќе им биде уште потешко да се зближат со други ученици кои зборуваат германски. А тоа значи дека заостануваат уште повеќе во учењето германски“.

Но директорот Рајнолд Фајфер во Бон вели дека поделбата на учениците привремено, нема слабости: „По извесно време, децата достигнуваат високо ниво и многу од нив потоа ја положуваат матурата“. Тој верува дека тоа е она што се цени.

Abitur beginnt mit der Deutsch-Prüfung
Совршеното познавање на германскиот јазик е главно за да се положи матурата, германската највисока училишна дипломаФотографија: picture-alliance/dpa

Отворени за културна разновидност

Истражувачите од СВР нудат бројни препораки до училиштата и властите за да се подобрат шансите на децата во населбите со недостатоци „Најважно е училиштата да се отворат кон културна разновидност“, потенцира Јан Шнајдер, раководител за истражување. Тоа значи, училиштата и властите за образование треба да ја доживуваат културната и социјалната разновидност на децата како збогатувачка наместо неефикасна.

Поконретно, студијата предлага учителите да имаат дополнителен тренинг за да им се подобри чувствителноста кон разновидноста на нивните ученици. Покрај тоа, учењето германски треба да се случува и надвор од основните германски часови. Исто така, истражувачите предлагаат соработката со родителите да биде подобрена со помош на мултијазични родителски средби или брошури на повеќе јазици. Но, секако сите тие мерки бараат време и пари како и волја од двете страни да работат заедно.