1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ММФ ги предупредува европските банки

БГ/АМ/афп/миа10 октомври 2012

Банките на „стариот континент“ ќе се соочат со опасноста да бидат во ситуација да го продаваат имотот за да излезат од кризата. Намалени се прогнозите за Западниот Балкан.

https://p.dw.com/p/16N9K
Фотографија: picture-alliance/dpa

Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека европските банки ќе мораат да продадат капитал во вредност од 2,8 трилиони долари, доколку набрзо не се реши должничката криза во еврозоната. Во новиот извештај ММФ предупредува дека е потребно побрзо решавање на кризата. Капиталот се повеќе се префрла од нестабилните држави во еврозоната, како Шпанија и Италија, во стабилните, а тоа ги урива основите на Унијата, наведува ММФ. Кризата во еврозоната останува најголема закана за глобалната финансиска стабилност, се заклучува во извештајот.

Во однос на економскиот раст на земјите од Западниот Балкан, Меѓународниот монетарен фонд прогнозира негативни трендови.

Македонија, според ММФ, годинава ќе оствари раст од еден процент од Бруто домашниот произзвод, наспроти најавите на властите во Скопје за два проценти раст, а во 2013 година од два отсто. ММФ истакнува дека инфлацијата во Македонија годинава и следната година ќе изнесува два проценти. Пад на економскиот раст ќе забележат Србија и Хрватска.