1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ММФ го критикува одолговлекувањето на помошта во еврозоната

15 јули 2011

Одолговлекувањето околу вториот пакет за помош на Грција вовлекува во криза и други држави, изјави преговарачот на ММФ, Аџаи Чопра, по разговорите во Даблин. Тој ги повика членките на еврозоната да го донесат пакетот.

https://p.dw.com/p/11vpZ
Фотографија: picture alliance/ZB

Најновото намалување на кредитниот рејтинг на Ирска повеќе е последица на развојот надвор од земјата откаколку на спроведувањето на домашната програма за консолидација, истакна Чопра.

И грчкиот премиер Јоргос Папандреу апелираше до партнерите во еврозоната што побргу да го одобрат новиот пакет за дополнително да не се зголемат стравувањата на инвеститорите. Германската канцеларка Ангела Меркел наспроти тоа не сака да биде ставена под притисок. Без конечно изготвена нова програма за Грција, нема никаква смисла да се одржува вонреден Самит на еврозоната, истакна Меркел на маргините на посетата на Нигерија. Вонредниот самт на шефовите на држави или на влади на земјите кои ја користат заедничката европска валута беше замислено да се одржи денеска но веројатно тоа ќе се случи најрано во наредната недела.

Автор: СН/ТТ/дв

Редактор: Борис Георгиевски