1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ММФ остро ги критикува САД поради политиката на задолжување

9 јануари 2004
https://p.dw.com/p/AeSK
Соединетите Американски Држави имаат огромен дефицит во нивната трговска размена, подеднакво како и во буџетот. Приватниот капитал не е подготвен подолго да ги финансира овие дефицити, па затоа капиталот го префрлаат во други монетрани простори. Тоа не ја објаснува само моменталната слабост на доларот, туку може да се претвори во нов ризик за целото светско стопанство. Во неовообичаено драстична форма Меѓународниот монетарен фонд ги критикуваше американските дефицити.
Меѓународниот монетарен фонд во суштина важи за пријателски настроен кон САД. Меѓутоа, најновиот извештај за светската економија содржи многу остро интониран атак врз економската политика на бушовата администрација. Пораката гласи: како американскиот државен буџет, така и трговската размена во 2003 достигнаа рекорден минус од скоро 500 милијарди долари што е опасно за светската економија. Економистите како Дин Бејкер од центарот за економски и политички истражувања во Вашингтон веќе одамна предупредуваат:
"Курсот на доларот падна и, поради ниските камати, ние веќе не можеме да привлечеме странски капитал во земјата. Кога и да е централната банка ќе мора да реагира. Можно е да реши да дозволи доларот и натаму да паѓа. Но, тоа го зголемува инфлаторниот притисок и тогаш ќе мора да се дејствува против тие дејства".
Експертите на ММФ сметаат дека нивото на каматите во наредните десет години во светот ќе пораснат за еден процентен поен, со сите негативни консеквенци за инвестициите, продуктивноста и растежот. За бушовата администрација тоа е мошне црна слика. Министерот за финансии Џон Сноу ја најави својата намера во наредните пет години да го преполови дефицитот. Тоа би биле два процента од брутонационалниот производ и тоа би било историски ниско ниво.
За ММФ оваа цел е ниско поставена. Економистите пред се го критикуваат тоа што американскиот буџет до промената на владата пред повеќе од три години дебело влезе во црно салдо и дека за да заздрави ќе биде потребна цела деценија. За американските претседатели никакво чудо, туку последица на рецесија и војна. Џорџ Буш исто така сака да го преполови дефицитот во случај да учествува и конгресот и да не бара премногу пари.
Острата критика на ММФ доаѓа во еден исклучително неповолен момент за Буш. Имено, во изборната година тој би сакал да влезе со пораката за зголемување на конјунктурата и за намалување на невработеноста. Накусо, дека Американците во економијата веќе нема да имаат грижи. Сето поради неговата политика на намалување на даноците која министерот за финансии Сноу повторно ја оценува како неодминлива за сегашниот економски полет. Дури и ако администрацијата не е многу среќна поради дефицитот:
Тоа е поента за која е согласен и ММФ, но само краткорочно. Долгорочно американската политика на задолжувања за економистите е неодговорна пред се поради идното оптоварување на социјалните системи за наредните генерации кои со празната државна каса не ќе можат ништо да започнат.