1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Многу виновници за катастрофата во Фукушима

27 декември 2011

Експертска комисија упати тешки обвинувања на сметка на јапонската влада и фирмата која управува со нуклеарната централа во Фукушима, Тепко.

https://p.dw.com/p/13Zd1
Многу потфрлувања на надлежните и властите во ФукушимаФотографија: picture-alliance/dpa

Во извештај на експертите се вели дека како Тепко, така и надлежните власти биле сосема неподготвени за катастрофа од такви размери. Ризикот бил сосема потценет. Реакцијата на несреќата била некоординирана, а комуникацијата недоволна, се вели во извештајот на 507 страници.

Тепко, според експертите, не ги обучил доволно своите работници за справување со несреќи. На пример, тие погрешно оцениле дека системот за ладење на Реакторот 1 не е оштетен. На тој начин се одолговлекле работите на спасување. Во Реакторот 3, пак, работниците без да пријават го запреле ладењето за итни случаи.

Fukushima Kernkraftwerk
Фотографија: picture alliance/Kyodo

Критика има и поради непрецизните активности на владата за евакуација на населението од погодениот регион. Дел од луѓето биле однесени во радиоактивни подрачја.

Конечниот извештај за несреќата треба да биде објавен на лето. Уништувањето на Фукушима предизвика најтешка нуклеарна несреќа во светот од онаа во Чернобил во 1986 година. Десетици илјади луѓе останаа без покрив над главата, а цели градови се празни поради тоа што има огромна радијација.

Автор: ЕМФ/дпа/дв

Редактор: Борис Георгиевски