1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Многу добри разговори

18 март 2007

Германската канцеларка вчера ја заврши посетата на Полска извлекувајќи позитивен биланс. Тоа беа добри разговори, изјави владиниот портпарол Улрих Вилјхелм по враќањето на канцеларката воБерлин. Задоволство изрази и полскиот претседател Лех Качински:

https://p.dw.com/p/AbyS
Меркел со претседателот Лех Качински
Меркел со претседателот Лех КачинскиФотографија: AP

Мразот е стопен, за добрата атмосфера очигелдно придонесе и приватната средба не канцеларката Меркел со полскиот претседател Качински. По скоро 10-часовната средба во претседателовата резиденција на полустровот Хела на Балтичкото море, Лех Качински изрази задоволство. Полска ќе даде зелено светло на заживувањето на уставот на Европската унија, што според Качински е најважниот резултат од разговорите:

„Постојниот нацрт-устав може да биде одбра подлога врз чија основа ќе водиме разговори. Но, за Полска тоа не значи дека сегашниот и идниот текст на уставот ќе бидат исти„.

Полска и натаму настојува во преамбулата да се внесе однос кон Бога. Христијанските корени и вредности на Европа се сами по себе разбирливи и зошто Европејците не би сакале тоа да се најде во премабулата на уставот, се прашува Качински со критички осврт пред се врз одбивниот став на Французите. Полскиот претседател како голема шанса го означи тоа што европската солидарност на претстојните дебати за текстот на уставот ќе биде регулирана како принцип кога станува збор за снабдувањето со енергијата, а потоа се осврна на безбедносната политика:

„Јас со добра волја прифатив разговори за американскиот ракетен штит, иако станува збор за билатерално прашање меѓу Америка и Полска. Германската канцеларка ги изнесе нејзините аргументи, а јас и ветив дека тие аргументи ќе му ги предочам на нашиот совет за национална безбедност„.

Полскиот политолог Павел Свибода ја слушна пораката за добрата атмосфера во разговорите, но и натаму не е убеден во тоа:

„Допрва ќе видиме дали ќе опстане добрата клима. Зашто во декември имавме успешна средба во Германија во Вајмар, а непосредно потоа премиерот на Полска, Качински, повторно сакаше да преговара за постигнатиот договор меѓу двете земји. Пред една недела претседателот во Брисел изјави дека гледа можност за компромис околу Европскиот устав, за бргу потоа да слушнеме дека Европската унија одлично функционира и врз основа на постојните договори„.

Полскиот опозиционер и заменик претседател на паралментот, Бронислав Коморовски потврди дека браќата близнаци Качински во минатото многу зборуваа за европската политика кон која на крајот малку се придржуваа. Овојпат, вели Коморковски, Полјаците би требало да го држат за збор својот претседател.