1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Модна школа на хиподром

Марк Кох/ Жана Ацеска3 февруари 2013

Во модата ништо не е толку барано како идните трендови. Но, нив не мора да ги барате само во Милано или во Париз, барем така размислуваше дизајнерката Мелиса Шлајх. Таа отвори модна школа во Буенос Аирес.

https://p.dw.com/p/17OJN
Фотографија: Reuters

Премиера на гламурозниот хиподром, каде обично татнат коњските копита. Овојпат тука се слушаат само потпетиците. Моделите прикажуваат чевли и модерни кројки. Ова е прва модна ревија на Европската модна академија, европска мода, „меид ин Буенос Аирес“.

Таа се прави овде, од почетна идеја, преку дизајн, до готов производ. Десетгодишната Малена Хагер од Германија важи за суперталент.

„Сега морам да ги сложувам фалтите една врз друга, па да ги зашијам“.

Малена тоа го прави од забава, а за постарите студентки тоа е веќе сериозна работа, тие учат поврзување на теоријата на европскиот дизајн со праксата, тоа е идејата на директораката Мелиса Шлајх: „Се обидов да развијам нов концепт во кој студентите не учат конвенционални работи како во училиште, туку пристап кон реалниот живот. Тоа значи, прво работите се подготвуваат на компјутер, а потоа се реализираат во кројачницата, до готов производ кој може да се продаде“.

Africa Fashion Day Berlin 2013
Фотографија: DW/A. Ilin

Модата не е само за на писта, туку и да се носи. За студентите од Европа и Јужна Америка зашивањето патент е исто што и дизајнирањето. Лизе Амиах го шие нејзиниот прв вечерен фустан.

„Го скратив за да изгледа секси, сепак, ова е вечерен фустан. Тоа е компликувано, а јас сум во прва година, ова е мој прв фустан“.

Обуката на академијата трае четири години. На крајот мора да се прикаже сопствена модна колекција, која ја оценува меѓународно жири.

„Завршниот испит е магистерски труд, признат од ЕУ. Студентите имаат можност да станат креатори или моделисти, односно да одат во производство. Тоа е широк спектар на она што можат да го работат“, истакнува директорката Шлајх.

Ова е школа во модната бранша каква досега немаше во јужна Америка, па и шансите за наоѓање работа се големи.

„Многу студенти веројатно ќе останат овде, зашто тука нема многу дизајнери, па има многу да се направи“, вели директорката.

Во Европа во модната бранша нема многу простор за новитети. Но, во јужна Америка има многу место за нови чекори.