1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Можен ли е договор во рамки на ОН?

19 јули 2007

Советот за безбедност на ОН ќе одржи консултации околу последната резолуција за Косово. Русија категорично го отфрли и овој предлог, Вашингтон се заканува дека ова е последна шанса.

https://p.dw.com/p/BJnz
Советот за безбедностФотографија: UN Photos

“Косово ќе добие независнсот на еден или друг начин и покрај противењето на Русија во ОН“ изјави американскиот државен секретар Кондолиза Рајс воочи средбата со актерите на блискиосточниот мировен квартет во Лисабон. Таа нагласи дека САД се апсолутно посветени на таквото решение, што јасно го кажал и претседателот Џорџ Буш. Изјавата на Кондолиза Рајс е воочи почетокот на седницата на советот за безбедност кој зад затворени врати ќе ја разгледува последната резолуција предложена од САД и ЕУ. Дипломатски извори во светската организација велат дека и покрај јасното не на Русија, не е исклучено денеска да се гласа по предлог текстот.

Американскиот амбасадор во ОН Залмај Калилзад предупреди дека доколку во советот за безбедност не биде постигнат договор тогаш процесот ќе продолжи надвор од рамките на ОН, за што одговорноста според него ќе ја носи Русија.

Претседателот на Руската Дума Борис Гризлов денеска во Подгорица изјави дека Москва сака продолжување на преговорите и уште еднаш се закани со вето доколку во советот за безбедност биде ставена на гласање која било од досега предложените резолуции.

Инаку најновата верзија се откажува од рокот од 120 дена за новите преговори меѓу Косовските Албанци и Србите и предлага во преговорите да се одреди дали ќе се најде можност за изнаоѓање компромисно решение.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер изрази жалење што досега нема нова резолуција за иднината на Косово. Тој потврди дека отсега ќе се прават обиди статусот да се реши надвор од Советот за безбедност. Тој се изјасни за директни разговори меѓу Белград и Приштина , кои ќе се потпираат на планот на Марти Ахтисари .

”За ова ќе разговараме во понеделник на средбата со европските министри за надворешни работи. Сметаме дека наша заедничка задача е да се формулира заеднички европски став за ова прашање. Кога велам прашање , тоа значи да бараме други чекори "

Сличен е ставот и на францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер. Тој смета дека Русија и покрај отстапките нема да се согласи со резолуцијата со што ќе се отвори можност за преговори. Германското министерство за надворешни работи во меѓувреме потврди дека во петок во Берлин е планирана средба меѓу Штајнмаер и неговиот Руски Колега , Сергеј Лавров

Инаку денеска во Вашингтон се и членовите на косовскиот преговарачки тим кои според најавите ќе разговараат со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.