1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

280709 hre untersuchungsausschuss

13 август 2009

„Хипо риал естејт“ - банка што стана симбол на финансиската криза во Германија. Државата ја одржува во живот со десетици милијарди евра. Дали владата можеше поблаговремено да го предвиди колапсот на банката?

https://p.dw.com/p/J8Na
Банката може да „помине“ во државни рацеФотографија: AP

Прашањето што треба да се реши до парламентарните избори во Германија гласи: Зошто Хипо риал естејт западна во толкави проблеми? По пропаѓањето на американската банка „Леман Брадрс“, коалиционата влада требаше да основа кризен штаб, смета опозицијата. Герхард Шик од партијата на Зелените вели:

„Проблемите веќе се гледаа, владата не се подготви за спроведување на разумен спас на банката. Немаше обиди проблемот да се согледа благовремено и кога дојде колапсот, мораше панично да се собираат листи на доверители“.

Банкротот на банката беше избегнат во последен момент - благодарение на гаранциите од владата, сто милијарди евра и на крај подржавување - спасувањето на банката можеше да се изведе поевтино, критикува опозицијата.

„Иако влезе во ризик, државата не си обезбеди акции. Со тоа државата влегуваше во се` поголем ризик, а на крај последиците ги сносат даночните обврзници, без да имаат влијание врз развојот на банката“, истакнува Шик.

Опозицијата го обвинува министерството за финансии дека на комисијата не и` ги доставило потребните акти доволно брзо. Затоа, некои сведоци биле испрашувани и без дополнителните документи.

Автор: Ања Келер / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска