1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Може ли да се запрат лажните азиланти со стратегија за интеграција на Ромите?

Бернд Ригерт/ Александра Трајковска19 октомври 2012

Ромите од Србија и Македонија засилено поднесуваат барања за азил во Германија. ЕУ не гледа причина за доделување азил, туку сака да им помогне на Ромите во нивните татковини да ја победат сиромаштијата.

https://p.dw.com/p/16Qvt
Фотографија: Silvera Padori-Klenke

Германските власти во последните месеци констатираа зголемување на барањата за азил од Македонија и Србија. Број, кој според германското министерство за внатрешни работи во септември се искачи на 2450, односно двојно повеќе отколку во август. Прогнозите велат дека во октомври се очекува исто така зголемен број на баратели на азил. Според постоечките податоци, најголем број на барателите на азил се Роми.

ЕУ Комисија: Ромите не можат да добијат азил

Патувањето во Германија, Франција или другите западноевропски земји за Ромите од Македонија и Србија е релативно едноставно. Од 2009 година граѓаните на овие држави, како туристи може да патуваат без визи. Доколку Ромите поднесат барање за азил, тогаш се пренесуваат во сместувалишта и по два до три месеци се враќаат во нивните татковини. Портапорлот на комисијата на ЕУ Микеле Черконе во понеделникот во Брисел изјави дека за Ромите од Македонија и од Србија не може да се говори за азиланти.

„Зборуваме за луѓе, кои преку безвизниот патнички сообраќај од Балканот доаѓаат во ЕУ. Проблемот е што редица од нив бараат азил. На крајот секогаш се доаѓа до заклучок, дека барањата се неосновани. Има голем број барања од овие региони. Тие предизвикуваат застој и голем проблем во системот за азил во погодените земји“.

Стратегијата за интеграција на Ромите се’ уште не е спроведена

Но, и Европската унија е запознаена дека Ромите во нивните татковини честопати мораат да живеат во екстремно лоши услови, меѓутоа економската нужда не е причина за азил. Комесарката на ЕУ за правда и граѓански права Вивиен Рединг уште при претставувањето на заедничката политика за Ромите на ЕУ во мај годинава наведе застрашувачки бројки.

Deutschland EU EU-Kommissarin Viviane Reding
ЕУ комесарката Вивиен РедингФотографија: picture-alliance/Wiktor Dabkowski

„45 проценти од анкетираните Роми живеат во станови без кујна, бања и електрична енергија. Еден од тројца Роми е невработен. 20 проценти немаат здравствено осигурување и 90 проценти живеат под границата на сиромаштијата. Тоа е алармантно“.

Во мај, 27-те  земји-членки на ЕУ по дологодишни дискусии поднесоа национални акциони планови за подобрување на положбата на Ромите. Десет до дванаесет милиони Роми живеат во Европа, најголемото малцинство на континентот. Земјите членки на ЕУ признаваат дека Ромите страдаат поради дискриминација и имаат ограничен пристап до образование, работа и здравствено згрижување. До 2020 година Ромите би требало да бидат подобро интегрирани. Ова го предвидува заеднички усвоената стратегија на земјите-членки на ЕУ.

Државите на Западниот Балкан не бележат напредок

Најголем проблем притоа имаат државите на ЕУ кои во споредба со другите се сиромашни, односно Бугарија и Романија, подвлекува пратеничката во Европскиот парламент Ливија Јарока од Унгарија. Таа припаѓа на конзервативниот табор и како Ромка со години се ангажира  за интеграција на Ромите. Јарока укажува на тоа дека кандидатите за членки на ЕУ на Западниот Балкан не преземаат решителни мерки за интеграцијата на Ромите.

EU Parlament Abgeordnete Ungarn Livia Jaroka
ЕУ парламентарката од Унгарија Ливија ЈарокаФотографија: THIERRY MONASSE/AFP/Getty Images

„Гледаме минимални напори во областа на поранешна Југославија. Интеграцијата на Ромите таму не само што стана побавна, туку целосно е запрена. Таму има големи проблеми, речиси 20 години“.

Оваа пратеничка бара балканските земји помошта од Брисел, која ќе биде исплатена за време на преговорите за пристап, да ја искористат за Ромтие „Процесот на стабилизаиција и асоцијација  мора да биде искористен како сопирачка, за најсиромашните заедници рано да се врзат за европскиот проект“, вели Ливија Јарока. Комесарката за правда Вивиен Рединг е согласна со неа: „Кога преговараме со овие земји, прашањето за Ромите е секогаш на дневен ред. Ова прашање мора да биде решено, за да може да се воспостават потесни односи со ЕУ“.

Младите Роми се неискористен потенцијал

Европскиот комесар за труд и социјална политика Ласло Андор меѓутоа предупредува од преголем оптимизам. Политиката за Ромите на ЕУ во моментов е само на хартија. Проектите, кампањите за информирање и конкретни намери кои произлегуваат од 27 акциони планови на земјите членки сега би морале да бидат спроведени.

Kind im Roma-Slum Shutka
Дете Ромче во населбата Шуто Оризари во СкопјеФотографија: DW

„Националните акциони планови се само првиот чекор. Мораме да соработуваме многу подобро, за да ја намалиме празнината меѓу Ромите и другото население, пред да стане уште поголема“.

Во некои земји како Романија, младите Роми сочинуваат околу една петина од населението кое стои на рапсолагање на работниот пазар, вели Андор. Тоа е енормен потенцијал за креативност, кој денес не се користи.