1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Можниот нов шеф на Пентагон го означи Иран како голема закана

СН/АТ/дапд/дпа/ртр/миа31 јануари 2013

Кандидатот за министер за одбрана на САД, номиниран од страна на претседателот Барак Обама смета дека во односот кон спорната иранска атомска програма треба да се држат отворени сите опции.

https://p.dw.com/p/17UwV
Фотографија: dapd

Во прашалникот кој републиканецот Чак Хејгл (фотографија горе) го пополни пред денешното сослушување во Комисијата за вооружени сили на Сенатот кое е дел од разгледувањето на неговата номинација за иден шеф на Пентагон, тој наведува дека е одлучен да ги разгледа сите мнжни опции за да се справи со Иран и неговата агресивна политика. Хејгл притоа го означи Иран како голема закана, пренесуваат американските медиуми.

При првата можност да ги изрази своите погледи, откако претседателот Барак Обама на 7 јануари го номинираше за иден министер за одбрана, Хејгл зафати серија прашања: од Ирак и Авганистан до учеството на жените во борбени мисии, притоа пополнувајќи го прашалникот од 112 страници за Комисијата на Сенатот.

„Доколку бидам назначен на функцијата внимателно ќе се насочам на тоа американската армија да е навистина подготвена за секакви непредвидливи ситуации, рече Хејгл во одговорот на прашањето на комисијата. „Ако Иран продолжи да ги заобиколува своите меѓународни обврски треба да продолжи да ги трпи суровите и се поголеми последици“, рече тој.

„Иако се’ уште има време и место за дипломатија, поддржана од притисок, прозорецот се затвора. Иран треба да покаже дека е подготвен сериозно да преговара“.

Во минатото републиканецот искажуваше сомневање во однос на ефикасноста на едностраните санкции против Исламската република, изјавувајќи дека повеќе смисла би имале казните наметнати во дослух со меѓународните партнери.