1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Можно е да се спречи радикална промена на климата

16 април 2007
https://p.dw.com/p/AgDT

Во третиот дел на извештајот на ОН за глобалното затоплување се истакнува дека е возможно да биде спречена радикална промена на климата . Според информации на германскиот весник Билд во документот што треба да биде објавен во Бангкок на почетокот од мај е наведено дека индустриските нации имаат економски и технички можности да ја запрат можната климатска катастрофа . Но тие ќе мораат да реагираат бргу- се порачува во извештајот .