1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Молк за името

12 април 2005

Молкот и таинственоста по новата рунда преговори меѓу Македонија и Грција околу името, што во текот на целиот денешен ден владее и во Њујорк и во Скопје, попладнево треба да ги прекине шефот на македонската дипломатија Илинка Митрева, која треба да соопшти – што на маса за преговори како предлог стави посредникот на ОН во спорот, Метју Нимиц и како натаму ќе се однесува македонската дипломатија.

https://p.dw.com/p/AcGC

Денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, кој за еден час во Брисел ќе азговара со макеоднскиот премиер, Бучковски, околу проблемот на името за емисијата “Зебра“ вели: “Македонија и Грција мора да го решат прашањето околу името за кое деновиве добија предлог решение од ОН и се надевам дека Македонците ќе се согласат“. Потсетуваме дека предлогот на Метју Нимиц, кој грчкиот министер за надворешни работи Петрос Моливијатис го обелодени пред неколку дена гласи “Република Македонија – Скопје“. Македонскиот претседател Црвенковски и премиерот Бучковски, по објавувањето на ваквата формула изјавија дека нема отстапување од вдојната формула као решение за спорот.

Портпаролот на грчката влада, Вангелис Антонарос, вчеравечер изјави дека предлогот на Нимиц е основа за преговори, но дека доколку е потребно некои делови на предлогот може да се појаснат или променат.

Грчките политички лидери од грчката влада вчера побараа таа да им го открие целиот текст на предлогот на меѓународниот посредник за решавање на спорот со името. Имено, грчкиот весник Вима тврди дека партиите протестираат проади тоа што Моливијатис на средбата со политичките лидери не им ги претставил сите апсекти на предлогот. Весникот Нафтемборики објави дека најсиолно незадоволство во грчките политички субјекти предизвикала статијата на Вима во која се наведува дека ниедна земја или регион нема да може да го користи во иднина за меѓународна употреба името Македонија. По протестите, министерот за надворешни работи наводно на политичките партии им предал доверителни писма со информации за предлогот на Нимиц.