1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Молк по посетата на Фрид на Скопје

8 март 2008

Американскиот помошник државен секретар за Евроазија, Даниел Фрид, по разговорите со претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски одбегна да даде изјави за бројните македонски и грчки новинари.

https://p.dw.com/p/DL2r
Даниел ФридФотографија: AP

Дојче Веле од дипломатски извори дознава дека Фрид им предочил на Црвенковски и Груевски можни солуции за спорот за името со Грција. Пораката била дека Македонија има сериозни шанси да стане членка на НАТО, а до самитот во Букурешт со взаемен ангажман на Скопје и Атина треба да се најде решение за спорот околу името. По една недела се очекува и медијаторот во спорот, Метју Нимиц, да започне нова Њујоршка рунда преговори со амбасадорите Никола Димитров и Адамантиос Василакис.

Ненадејната посета на Даниел Фрид се оценува како директно инволвирање на Сејт Департментот во забрзано решавање на спорот со името и изнаоѓање на заедничко прифатливо решение. Инаку Фрид, кој во Скопје допатува од Приштина, на македонските власти им пренел став дека демаркацијата не е реален проблем. Косовските власти потрвдиле дека немаат никакви територијални претензии во процесот на разграничување меѓу двете земји. САД им сугеруираат на властите во Скопје да ја признаат независноста на Косово.

Од друга страна шефот на шведската дипломатија Карл Билд, кој исто така беше во посета на Скопје, на македонските власти им сугерираше што е можно побргу да го затворат прашањето за спорот со името, бидејќи тоа може реално да се одрази и на релациите со ЕУ и можното членство на Македонија.