1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мона Лиза со мирис на помфрит!

29 октомври 2009

Кога ќе се спојат француската култура и американската деловност, производ е Мона Лиза која скришно гледа во Биг Мек. Американскиот Мекдоналдс планира да отвори ресторан во фоајето на познатиот музеј во Париз.

https://p.dw.com/p/KINW
Фотографија: Electa/Leemage

Дури и пред да влезете во самиот Лувр, ќе ја почувствувате неверојатната енергија на уметничките дела на вкупното светско творештво. Копии на грчките скулптури можете да видите и на станицата на метрото од каде со подвижните скали се стигнува до трговскиот центар Карусел де Лувр. Трговскиот центар е споен со музејот, сводови на таванот, изолирани гранитни ѕидови, тој изгледа речиси исто како и самиот музеј. Токму тоа е главната причина на отпорот во таков амбиент да биде отворен ресторан на Мекдоналдс.

Уметничкиот критичар Дидиер Рикнер вели дека уште пред 20 години, кога бил отворен трговскиот центар, било јасно прецизирано дека деловниот простор е наменет исклучиво за продажба на културни содржини и продавници од посебен профил: „Велат дека тоа ќе биде Мекдоналдс на ’високо ниво’. Навистина не знам што значи тоа. Лувр не можете да го мешате со Мекдоналдс, тие никако не одат заедно, Мекдоналдс претставува најниско ниво во смисла на храна и готвење, а Лувр е највисоко ниво на уметноста. Ова е сепак Франција!“

Мекдоналд како Милоска Венера

Kunstbiennale Venedig: der japanische Pavillon
Фотографија: dpa

Претставниците на Лувр потврдија дека во Карусел де Лувр наскоро ќе биде отворен првокласен Меккафе ресторан. Иронијата на целата приказна се крие во фактот што токму Франција е најголем пазар за рестораните на Мекдоналдс по САД. Многумина во Франција сметаат дека тоа е само резултат на глобализацијата и дека во моментов на удар е традиционалната француска кујна.

Популарниот дневен весник Ле Паризијан духовито го спореди Роналд Мекдоналд со Милоската Венера, саркастично изјавувајќи дека можеби и не е толку страшно што Мона Лиза отсега ќе мириса на помфрит.

Лувр е губитникот

Pommes Frites, French Fries, Fritten
Фотографија: AP

Жана Боси вели дека редовно го посетува Лувр и ја лути и самата помисла на Мекдоналдс во близина: „Мислам дека музејот ќе биде губитник, тоа можеби ќе ги привлече луѓето кои не се особено заинтересирани за уметност, ниту за она што има да го понуди Лувр.“

Рикнер вели дека вината ја сноси управата на Лувр, а не Мекдоналдс. Тој самиот уште не и‘ прости што на музејот во Абу Даби му го продадоа користењето на името Лувр. Институција како Лувр, смета Рикнер, мора да најде начин како да и‘ се спротистави на комерцијализацијата.

Автор: Елеонир Бирдсли / Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска