1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Монопол не смее да има

Горан Петрески17 декември 2007

Во македонскиот парламент денеска почнува расправата за новиот предлог закон за енергетика. Европската Комисија реагира критички на новиот закон што треба да стапи во сила на први јануари 2008 година.

https://p.dw.com/p/CccY
Фотографија: AP
Со законот ќе се создаде монопол на македонските електрани што е спротивно на европските закони, реагира Европската комисија. Комисијата упати покана до Македонија за консултации во Брисел. Што носат промените на законот за енергетика и како реагираат главните актери во Македонија?