1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Мојот дедо би ме застрелал“

Сара Џудит Хофман/Ристо Ѓорѓиев29 септември 2013

Џенифер Теге порасна во семејство кое ја има посвоено. Дури на триесет и осум години ја дознала шокирачката историја на своето биолошко семејство. Нејзиниот дедо бил садистичко-нацистички злосторник.

https://p.dw.com/p/19pYJ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Теге во својата нова книга објаснува како таа се справува со оваа откритие.

Кога Џенифер Теге ја раскажува својата животна приказна, тоа е како да гледате филм. „Многумина неможат да веруваат дека мојата приказна не е фикција“, вели таа. Навистина, мора да се признае дека кога жена со темна боја на кожата раскажува дека не толку оддамна дознала дека нејзиниот дедо е познат нацист, тоа звучи малку неверојатно.

Човекот за кој Теге зборува е Амон Гет, поранешниот командант на концетрациониот логор Пласцов, во близина на Краков, Полска. Неговото име во светот стана уште попознато по филмот на Стивен Спилбег „Листата на Шиндлер“ снимен во 1993 година. Филмот кој собра многу награди, опишува двајца мажи на иста возраст кои избрале два различни патишта за време на Втората светска војна.

Амон Гет убива евреи во концетрационен логор, а Шиндлер пак ги спасува животите на стотици евреи така што ги вработува во својата фабрика. Државата Израел на господинот Шиндлер му ја додели титулата „Праведен меѓу народите“, а Гет пак беше обесен за воени злосторства во Полска во 1946 година.

Убиство од балконот

Една посебно потресна сцена во филмот е кога Гет од балконот на својата вила во Пласцов стрела врз затворениците. Тој човек стана симбол за садистички, нацистички убиец, а Џенифер Теге е негова внука.

Amon Leopold Göth Gefangenschaft in Polen 1946
Амон Гет, персонификација на злотоФотографија: gemeinfrei

Теге пораснала во семејство кое ја посвоило. Нејзиниот биолошки татко е Нигериец, а нејзината биолошка мајка е Германка. Таа совршено разбира што значи да си поразличен.

„Кога бев дете луѓето коментираа за мојата боја на кожата, и тоа ме болеше“, вели таа во интервјуто за Дојче веле.

Теге студирала во Израел, каде се запознала со многу луѓе кои го преживеале Холокаустот. Таа им читала на германски, и ѝ било навистина драго што не била гледана како Германка. Никој во Израел не би ни помисли дека оваа темнокожа девојка е директен потомок на нацистички злосторник.

Всушност и самата таа долго не знаела за тоа. Таа била посвоена како мало дете. На почетокот нејзината биолошка мајка и баба ја посетувале, но потоа го изгубила контактот. На свои триесет и осум години таа случајно пронашла една книга и ја препознала мајка и на корицата. Во книгата се зборувало за командантот на концетрационен логор Амон Гет и неговата ќерка Моника - мајката на Џенифер.

Помеѓу херои и монструми

Оттука почнува книгата која Теге ја пишува во соработка со новинарката Никола Селмаир. Од насловот ќе ве полазат морници, „Амон, мојот дедо би ме застрелал“. Тоа е личната приказна на Џенифер и нејзината потрага по својот идентитет. Книгата исто така ја обработува и тишината која настанала по Втората светска војна, затоа што се случувало во Третиот рајх, и последиците кои и денес се притисутни заради тоа.

Младите генерации бараат од оние кои го преживеале нацистичкиот режим да се соочат со своето минато. Никола Селмаир вели: „Што правеле нивните дедовци - многумина не го знаат тоа“. Во книгата таа ја става личната приказна на Теге во историски контекст.

Filmszene Schindlers Liste SS Kommandant Amon Göth
Ралф Фајнс, го игра Амон Гет во „Листата на Шиндлер“Фотографија: picture alliance/United Archives

„Голем број од децата на поранешните познати нацисти, се растргнати помеѓу нивно глорифицирање и неизмерна омраза на своите татковци“, пишува Селмаир. Синот на десната рака на Хитлер, Рудолф Хес, го помина својот живот обидувајќи се да го исчисти името на својот татко. Внуката, на командантот на воздухопловните сили на Хитлер, Херман Геринг, доброволно се стерилизираше за да спречи раѓање на „уште еден таков монструм“. Ќерката на Амон Гет, Моника Гет, даде бројни интервјуа во кои наизменично ги брани и ги мрази акциите на својот татко.

„Додека децата на нацистичките злосторници сѐ уште се справуваат со злосторствата на своите татковци, внуците ја репроцесираат испреплетеноста на своите семејства“, пишува Селмаир. Справувањето со злосторствата ги тера потомците да го задржат чуството на вина кои нивните семејства го имаат, додава таа, но расчистувањето со минатото на внуците им дава шанса да се ослободат од чуството на вина како поединци.

Процесирање на минатото

„Многу е лесно да се дистанцирате себеси од Амон Гет, кој е така силен симбол на зло и да се рече јас сум поразлична“, вели Теге. „Но постојат нијанси, личноста не е само добра или само лоша“. За Теге оваа диференцијација е важна за да се одбегне да се наслика непријателот во лажен портрет од омраза. На крајот на краевите, токму тоа се случи за време на нацистичкиот режим, вели таа.

Buchcover Amon. Mein Großvater hätte mich erschossen von Jennifer Teege

Низ нејзината книга и истажување таа се соочува со минатото на својата фамилија. Таа разгледува слики од баба и, која привремено живеела со Амон Гет во неговата вила која била во концентрациониот логор. Таа често патува во Краков на местото на злосторствата на својот дедо. Таа се среќава со сведоци кои се сеќаваат на ужасите од минатото. Таа чита сѐ што ќе најде за нацистите и зборува со психолози за да се обиде да го разбере сето тоа. „Мислите дека доколку не зборувате за нешто со некој, тогаш тоа нема да има ефект на вас. Но, во мојот случај молкот имаше деструктивен ефект“, вели таа.

Теге вели дека целиот свој живот таа патела од депресија, но сега се чуствува многу подобро. „Вашето потекло е многу важно за вашиот идентитет. Секоја личност мора да го почуствува својот идентитет“, додава таа. Засега таа е фокусирана на германската историја, но во иднина би сакала да оди патува во Африка и да ја посети Нигерија, родната земја на нејзиниот биолошки татко.