1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мојот прв Божиќ во Германија

Катрин Едрман22 декември 2008

Германија важи за земја во која живеат многу доселеници. Голем број од нив не се христијани, па затоа во нивната традиција Божиќ не игра голема улога. Сепак, за децата на мигрантите, празникот има друга димензија.

https://p.dw.com/p/GLJU
За време на божиќните празници, германските градови се богато украсениФотографија: AP

Учителката Јулијане Бринкман ја пишува на таблата темата за овој час. Задачата на учениците е да ги издвојат сите зборови што асоцираат на Божиќ од еден текст што пред малку го слушнаа. Децата на возраст од 14 и 16 години имаат една заедничка работа: во Хамбург се доселиле пред една година. Доаѓаат од различни земји и на почетокот едвај зборувале германски. Токму затоа е уште позачудувачки колку многу зборови знаат: Божиќни песни, елка, снег, снешко, украси за елка, првата ѕвезда, Дедо Мраз, подароци... се само дел од поимите што децата ги издвоиле.

Како се прави „глувајн“ во Чиле?

Englischunterricht in einer Grundschule in Wuppertal
Божиќни песни, елка, снег, снешко, украси за елка, првата ѕвезда, Дедо Мраз, подароци...Фотографија: Svenja Ueing

Откако децата завршуваат со издвојувањето на зборовите, ги пишуваат на парче хартија и учителката Јулијане ги лепи на таблата. За децата случајно да не запаметат некој погрешен збор, наставничката ги коригира колку што може побрзо. За неа е многу битно и децата да комуницираат меѓу себе. Седнати во полукруг, учениците си ги објаснуваат новогодишните поими. На пример, германското глувајн, односно топло вино. „Тоа е како вино, само што е топло и секогаш се пие за Божиќ“, вели Каталина и потоа објаснува како се пие топлото вино кај нив, во Чиле: „Портокалите мораат прво да се исечат и да се стават внатре. Потоа виното се топли и се пие“.

Божиќните празници се супер

Englischunterricht in einer Grundschule in Wuppertal
Зборовите потоа се лепат на таблаФотографија: Svenja Ueing

Откако поимите се разјаснети, наставничката Јулијане Бринкман ја задава наредната задача. Децата треба да напишат краток состав на тема „Како го доживувате Божиќ во Германија?“

Кемија е брза и веќе запишува неколку мисли: „Улиците се украсени и излегувам со моите пријатели. Значи, ја доживувам божиќната атмосфера, иако дома не го славиме Божиќ“, вели Кемија. Таа е муслиманка и доаѓа од Тунис, но додава дека за неа божиќните празници се многу забавни.

Елката е многу битна

BdT 26.11.07 Weihnachtsmarkt auf dem Gendarmenmarkt
Божиќ во Германија е секогаш убаво доживување, без разлика на религијатаФотографија: AP

За разлика од неа, кај Јохан од Данска Божиќ се слави „со сите нишани“. Божиќното дрвце кај нив е многу важно, особено кога околу него ќе се собере целото семејство, откако ја посетиле полноќната миса: „Сите доаѓаат дома, слават и јадат заедно. Потоа играме околу елката. Така се вели, играме, иако ние, всушност, само вртиме околу неа и пееме дански песни“, ја објаснува Јохан данската традиција.

Во Полска децата мораат да бидат трпеливи

Кај Михаел од Полска не се пее, но затоа, пак, постојат други обичаи. Децата мораат да почекаат додека на небото не се појави првата ѕвезда за да ги отпакуваат подароците. Дури тогаш можат да видат што добиле.

Она што нему особено многу му се допаѓа е тоа што за време на Божиќ, сите негови роднини, каде и да се низ светот, доаѓаат во неговиот град Штетин за да прослават заедно.