1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Моќна лобистичка сцена во Берлин

Руперт Видервалд/Симе Недевски26 декември 2012

Во Берлин речиси за се’ постојат интересни сојузи. Судејќи по народната поговорка „Кој е поблиску до огнот, подобро се грее“, скоро сите овие сојузи во главниот град на Германија имаат свои претставништва, но и лобисти.

https://p.dw.com/p/17998
Фотографија: Fotolia/euregiophoto

Според официјалните податоци во Берлин има повеќе од 2.000 здруженија во кои дејствуваат повеќе од 5.000 лобисти. На тој број треба да се додадат и канцелариите на разни маркетинг агенции и адвокатски канцеларии кои ги застапуваат интересите на одделни компании. Тимо Ланге од организацијата „Лобиконтрол“ која се залага за транспарентност во политиката, демократска контрола и ограничување на влијанието на здруженијата од интерес врз политиката, како критички набљудувач на лобистичката сцена, генерално нема ништо против лобирањето. Тој дури смета дека претставништвата од интерес се важни. Проблем се врските помеѓу лобистите и политичарите, како на пример енергискиот концерн ЕОН.
„ЕОН во 1998. година го вработи како главен лобист тогашниот раководител на оделот за сигурност на реактори во Министерството за заштита на животната средина. Потоа, тој се залагаше за ЕОН во преговорите со тогашната црвено-зелена влада за откажување од атомската енергија. Тој денес повторно ја работи старата работа во Министерството за заштита на средината“, вели Ланге.

Актери во политичките случувања

Лобистите во Берлин одамна се актери во политичките случувања. Бидејќи располагаат со многу детални и компетентни информации за одделни проблеми од нивната сфера на дејствување, лобистите во позитивни случаи можат да бидат од голема помош за формулирање на политички ставови или пишување документи. Од друга страна не смеат да се занемарат опасностите од злоупотреба, манипулација или корупција. „Лобистите настојуваат секогаш да бидат во предност во однос на друга група од интерес. Оној кој е поблиску до политичарите и кој побрзо добива информации е во стратешка предност“, истакнува Ланге.

Berlin Deutschland Skyline Panorama
Фотографија: Getty Images

Маѓепсан круг

Врските помеѓу економијата и политиката се се’ потесни и непрегледни. Поранешните лобисти на големите концерни денес се во министарствата, а поранешните политичари по завршувањето на политичката кариера преземаат профитабилни лобистички работи. Така, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер лобира за германско-рускиот гасовод, а неговиот поранешен министер за надворешни работи Јошка Фишер е советник во енергетскиот концерн РВЕ. Искуството на поранешните политичари и нивните контакти дневно се наплаќаат од 5.000 до 10.000 евра.