1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Моќта на сениорите

21 февруари 2005

Населението во светот старее. Од овој тренд се погодени како земјите во развој, така и високо-развиените држави. Како може оваа демографска промена економски да се искористи? Какви производи, услуги и служби треба да обезбеди пазарот за оние над 55 години? Одговорите на овие прашања се обиде да ги најде првата европска конференција за “Економијата за сениори во Европа“ што неодамна беше одржана во Бон.

https://p.dw.com/p/AePK

Стареењето се уште се посматра како закана, а скоро воопшто не како предизвик или шанса што би можеле да водат кон пораст на конкурентската способност на Европа и поголем растеж, смета министерката за социјала на покраината Северна Рајна Вестфалија, Биргит Фишер:

“Во 2040 година една третина од германските граѓани ќе бидат постари од 60 години. Веќе денес има градови и општини во кои имаме повеќе 70-годишни од седум-годишни. Затоа ни е потребен поинаков поглед кон постарите, зашто со тоа се поврзани шансите за растеж за целото општество, но и за стопанството. Само во Северна Рајна Вестфалија до 2015 година сметаме на повеќе од 100 илјади работни места“.

Таканеречаната “сребрена економија“ е пазар за растеж. Денешната генерација постари е поздрава, поквалификувана и со повеќе моќ за купување од сите претходни генерации воопшто. Потребите на постарите луѓе се различни, но општо нивните желби се поврзани со квалитет на живеењето, добра услуга и индивидуални потеби:

“На пример, електронски апарати или хенди што ќе се поедноставни за употреба. Ако пакувањата лесно можат да се отворат и имаат лесно читливи пораки, тоа нема да им користи само на постарите, туку и на помладите. Ако становите, хотелите и јавните објкети се лесни за пристап без скали и други бариери, од тоа подеднакво можат да добијат и семејни луѓе со пречки или децата“.

Конференцијата во Бон покажа како Европа уште сега може да ги искористи шансите на демографската промена, имено со иновативни концепти за постарите во областа на домувањето или со специјални туристички понуди. Меѓутоа, досега економијата малку се занимаваше со потребите на сениорите. Клаус Гречман, генерален директор на европскиот совет, укажа:

“Прометот со завтомобили во Европа би можел да порасне за пет до 8 проценти до колку понудата содржи соодветни автомобили за сениорите. Сега имаме соодветни пречки во стопанството за сениори што треба да бидат надминати. Ако се случи тоа, ова подрачје може да придонесе за вкупниот развој на Европа“.

Тоа треба да биде спроведено во дело. Во Бон се обединија 8 европски региони во таканаречената “Мрежа на стопанство за сениори“. Учесници од Шпанија, Холандија, Ирска и Велика Британија се обврзаа заеднички да се ангажираат за подобрување на животните услови на постарите лица. Тие ќе ја помагаат и понудата на фирмите за продукти и услуги специјално насочени кон постарите. Во врска со средствата на модерната комуникација често се поставува прашањето:

“Како ги воведуваме постарите во овие технологии? Само една фуснота: откривме дека во Европа групата луѓе над 55 години е онаа која најчесто го користи Интернет. Значи, не групата од 15 до 30, туку оние над 55 кои се вистинските корисници на Интернет“.

Таканерачата “сребрена старост“ е и куповно најмоќната старосна група. Статистиките покажуваат дека 60 и 70-годишните граѓани на Европската унија располагаат со скоро исти приходи како 40 и 50-годишните.