1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МПЦ нема став за одлуката за ослободување од затвор на екс-владиката Јован

Горан Петрески22 февруари 2007

Судот во Велес ја прифати молбата на поранешниот владика Јован за условен отпуст, кој согласно законот, секој осуденик може да го побара откако ќе отслужи половина од изречената казна. Јован испратил барање до судот за ослободување, во кое се кае за стореното дело и признава дека згрешил. Јован на слобода ќе биде пуштен на први мај годинава, односно три месеци пред истекот на казната. Во КПД “Идризово“ екс-

https://p.dw.com/p/AdZH
Фотографија: AP

�ладиката отслужува казна затвор за кривично дело затајување.

Македонската православна црква нема официјален став во врска со одлуката на Велешкиот суд за скратување на затворската казна на екс-владиката Јован. Извори од Синодот на МПЦ, кои сакаа да останат анонимни, за Дојче Веле објаснија дека МПЦ не би имала ништо против ако тоа е чекор кон деблокирање на односите со српската црква. Но, ако Вранишковски продолжи да ја проблематизира етногенезата на македонскиот народ и да плука по македонската црква, помилувањето нема да има ефекти, велат во Синодот на МПЦ. Одлуката за скратување на неговата кзана се совпаѓа со средбата на делегација на МПЦ со вселенскиот патријарх, Вартоломеј. Македонските владици, Тимотеј и Наум, од Истанбул вечерва се враќаат во Скопје. Досега нема официјални информации за средбата на која МПЦ требаше да го информира вселенскиот патријарх за позицијата на МПЦ и да обезбеди поддршка во битката за сопствена афримација во православието. Г.г.Стефан изјави:

“Ние веруваме дека нашето одење ќе има позитивни резултати, инаку нема логика до Цариград и да одиме и за Москва и по сите други православни центри. Наше е да чукаме по вратите, а каде ќе ни отворат ...ќе биде за доброто на МПЦ. Наше е да ја запознаваме православната јавност за вистината на МПЦ, за неправдата која се врши, затоа што ние ништо ново не направивме од она што го направија претходно некои православни цркви, и овде во нашето соседство, и подалеку.„