1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мрачни прогнози за стопанството

23 април 2009

Германската влада смета со пад на германската економија во 2009 година од најмалку 5%. ММФ и водечките економски експерти очекуваат дури и поголем минус.

https://p.dw.com/p/HcQK
Фотографија: Bilderbox

И покрај мрачните прогнози, владата на Ангела Меркел е против трет конјуктурен пакет мерки за поттикнување на стопанството. На самитот за конјуктура што вчера(22.04.2009) се одржа во кабинетот на канцеларот и на кој учествуваа врвни претставници на владата, стопанството и синдикатите, огромно мнозинство од учесниците се изјасниле против трет конјуктурен пакет, беше речено по средбата.

Министерот за економија Карл-Теодор цу Гутенберг изјави дека трет конјуктурен пакет нема смисла и не е неопходен со оглед на тоа што се‘ уште не е докрај почувствувано дејството на конјуктурните пакети 1 и 2. Двата пакета имаат вкупен волумен од 80 милијарди евра.

Neuer Konjunktur Gipfel der deutschen Regierung
Самит за конјуктурата во БерлинФотографија: picture-alliance/ dpa

Прогнозите на експертите се полоши

Германската влада, сепак, признава дека економијата е исправена пред голем пад. „Се покажува дека имаме голем економски пад“, изјави Меркел. Според Гутенберг, на Германија и‘ претсттои „многу, многу тешка година“. Владата смета со пад на економијата од 5%, додека ММФ прогнозира пад од 5,6%.

Уште подрастични се прогнозите на водечките економски институти. Тие, во нивните пролетни прогнози, проценуваат дека економијата ќе забележи пад од 6%. Доколку прогнозите се остварат, тоа би бил најголем економски пад од триесетите години на минатиот век до денеска.


Автор: ЕМФ/дв

Редактор: Ацеска Жана

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема