1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мртвата трка продолжува

7 мај 2007

Три екипи, три победи, една цел: две кола пред крајот на сезоната прашањето за првак во германската сојузна лига и натаму е отворено. Во мртвата трка остануваат Шалке, Штутгарт и Бремен.

https://p.dw.com/p/Aeg6
Тешка победа на Шалке над компактниот Нирнберг со која остана чело на табелата
Тешка победа на Шалке над компактниот Нирнберг со која остана чело на табелатаФотографија: AP

Шалке со златниот гол на репрезентативецот Кевин Курањи го совлада непријатниот Нирнберг со 1 спрема 0. Штутгарт без поголем напор го совлада кандидатот за излегување Мајнц со 2 спрема 0, а Вердер вчера убедливо против Берлинчани. На нивниот терен победа од 4 спрема 1. Трернерот на оваа екипа Томас Шаф:

„Многу сум задоволен што екипата играше ангажирано, имаше цел нешто да постигне и поради тоа сме среќни„.

Констелацијата на врвот на табелата останува непроменета. Шалке останува со бод предност пред Штутгарт, и два пред Вердер. Сепак, Шалке и натаму е со најдобри изгледи за титулата, иако тренерот Мирко Сломка е претпазлив:

„Мислам дека првенството ќе биде решено во последното коло зашто сум сигурен дека и другите ќе победат. Ние сакаме само едно: да ја одбраниме предноста„.

Баерн отпадна од трката за првото место со безволните 1 спрема 1 против фенерџијата и веќе сигурниот второлигаш Борусија од Менхенгладбах. Шампионот од Минхен по десет години редовно учество во лигата на шампионите во наредната сезона ќе се соочи со учество во купот на УЕФА. Затоа, пак неговиот комшија Штутгарт, најнеоптоварено влегува во последните две кола во битката за титулата. Тренерот Армин Фе:

„Сепак постои притисок, но се покажа дека и со тоа екипата може да се соочи и да игра убаво и опуштено„.

Опуштено и лесно во моментов игра и Бохум кој по победата на гости во Хамбург од 3 спрема 0 дури може да размислува за купот на УЕФА, зашто до петтото место го делат уште три достижно бода. Петти е се уште Нирнберг следен од Леверкузен кој има ист број бодови, но синоќа загуби дома од Билефелд со 2 спрема1. Екипата на тренерот Михаел Скибе во последните седум натпревари, заедно со двата во купот на УЕФА, загуби шест:

„Тоа е тенденција што предзивикува загриженост, па во последните две кола ќе мораме да се разбудиме. Ќе играме против конкурентите за местата што водат во УЕФА„.

Еден бод зад Нирнберг и Леверкузен, за место на европската сцена демне Хановер по победата од 2 спрема 0 против Котбус. Билефелд по победата над Леверкузен обезбеди опстанок зашто има шест бодат предност и добра гол-разлика. Тренерот на Билефелд Ернст Мидендорп:

„Комплименти до сите. Сите се заслужни за тоа што и во идната сезона нашата публика ќе гледа прволигашки натрпевари„.

Се спаси и Борусија од Дортмунд која победи во Волфсбург со 2 спрема 0. На добар пат да го задржи прволигашкиот статус е и Франкфурт кој го декласираше Ахен со 4 спрема 0 и сега има 4 бода предност пред ова екипа која е на првото место - што води во втората лига. Мора да страхува и Волфсбург која има само три бода повеќе од Ахен и в сабота му гостува. Мајнц од напуштање на елитното друштво може да го спаси само чудо. Менхенгладбах е првиот сигурен второлигаш. Кои две екипи ќе го придружуваат и најважното прашање: кој ќе биде шампион – одговорот можеби ќе се знае веќе идниот викенд.