1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мубарак ќе се откаже од власта?

10 февруари 2011

Египетскиот претседател Хосни Мубарак вечерва е можно да соопшти дека се повлекува од функцијата. Илјадници демонстранти чекаат насобрани на плоштадот Тахрир во Каиро за да чујат што ќе каже Мубарак.

https://p.dw.com/p/QzqU
Хосни МубаракФотографија: AP
Египетскиот претседател Хосни Мубарак веројатно ќе се повлече вечерва од функцијата, јави американската телевизија Ен-Би-Си, повикувајќи се на два независни извори. Шефот на ЦИА Лион Панета изјави пред Конгресот дека информациите со кои располага американското разузнавање покажуваат дека египетскиот претседател Хосни Мубарак е на пат да се повлече. Панета не прецизираше на какви докази точно се засновани заклучоците на ЦИА. Според него повлекувањето на Мубарак ќе има важна улога во мирната транзиција во Египет. „Постои голема веројатност Мубарак да се повлече уште вечерва“, изјави Панета. Египетската телевизија во меѓувреме соопшти дека Мубарак вечерва ќе и се обрати на нацијата од претседателската палата во Каиро. Премиерот на Египет Ахмед Шафик претходно за Би-Би-Си изјави дека Мубарак наскоро би можел да се повлече од функцијата, додавајќи дека состојбата во земјата наскоро ќе стане целосно јасна.
Ägypten Kairo Proteste
Фотографија: AP
Сличен став изнесе и генералниот секретар на египетската владејачка Национална демократска партија, Посам Бадрави кој рече дека е можно Мубарак утре да „одговори на барањата на народот“. Си-Ен-Ен од друга страна, без да го посочи изворот на информацијата, јави дека Мубарак веќе се повлекол од должноста врховен комнандант на египетските вооружени сили. Премиерот Ахмед Шафик за државната телевизија изјави дека Мубарак уште е на власт и дека не е донесена одлука што би ја променила оваа состојба. „Тој е на својата функција. Претседателот не не‘ информира за никакви свои одлуки. Се‘ е нормално. Се‘ е се уште во рацете на претседателот“, рече Шафик, запрашан дали Мубарак се повлече. „Врховниот командант (Мубарак) е информиран за се што се случува во Високиот воен совет“, рече премиерот. „Советот беше свикан на заседание под претседателство на министерот за одбрана Мохамед Хусеин Тантави и ќе продолжи да заседава“, рече Шафик. По состанокот на Високиот совет на вооружените сили портпаролот даде изјава за државната телевизија, која се толкува како притисок врз претседателот Хосни Мубарак да стави крај на 30-годишното владеење. Со седницата претседаваше министерот за одбрана Мохамед Тантави, а Мубарак не присустуваше на него. „Советот одлучи да продолжи да заседава, да ги разгледа мерките, кои можат да бидат преземени за заштита на нацијата и на стремежите на народот“, се вели во декларацијата на Советот.
Flash-Galerie Proteste in Kairo am 02.02.2011
Фотографија: dapd
Според очевидец висок египетски воен функционер на демонстрантите на плоштадот „Тахрир“ им кажал дека се‘ што сакаат ќе се случи. Тој ги повикал демонстрантите да ја испеат химната и да го чуваат Египет. Демонстрантите на неговите зборови реагирале извикувајќи: „Народот настојува за пад на режимот“ и „Режимот падна“. Илјадници нови демонстранти се придружија денеска на протестите против претседателот Хосни Мубарак и покрај заканите на Владата дека ќе ги растури. Протестите се одржуваат на две места во Каиро - пред зградата на Парламентот и на веќе познатиот плоштад Тахрир под будните погледи на припадниците на војската. Египетскиот потпретседател индиректно се закани дека ќе ја употреби војската додека демонстрантите го блокираа Парламентот и ги засилија протестите на плоштадот Тахрир. Забележани се и други протести ширум земјата, како и штрајкови во неколку фирми.
Dossierbild 2 Proteste in Ägypten
Фотографија: picture alliance / dpa
Египетскиот министер за надворешни работи, Ахмед Абул Гејт предупреди синоќа дека војската која досега била неутрална ќе интервенира доколку дојде до ескалација на протестите против Мубарак. „Ако дојде до хаос, вооружените сили ќе интервенираат за да ја контролираат земјата што претставува чекор кој би водел како многу опасна ситуација“, изјави Абул Гејт. Тој ги критикуваше и САД дека сакаат да наметна своја волја барајќи итни реформи. Набрзо после овие критики Вашингтон повторно ја повика египетската војска да покаже воздржаност. Автор:ЖА/миа/дпа
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи