1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мудис го крена кредитниот рејтинг на Шпанија

СН/ЕМФ/дпа/афп22 февруари 2014

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг, Мудис, ја зголеми оценката за кредитоспособноста на, од криза погодената, Шпанија.

https://p.dw.com/p/1BDl1
Фотографија: AP

Земјата од еврозоната остварува добар напредок во справувањето со должничката криза и повторно има подобрен пристап до финансиските пазари, гласи образложението на експертите од рејтинг-агенцијата Мудис, за кревањето на кредитниот рејтинг на Шпанија. Агенцијата сега бонитетот на Шпанија го оценува со „Баа2“, што е за два степени погоре од т.н „ниво на ѓубре“ со кое рејтинг-агенциите ги означуваат шпекулативните вложувања.

Според Мудис, позитивни се и прогнозите за иднината за шпанското стопанство, со што предвид доаѓа и натамошно зголемување на оценката за кредитоспособноста на земјата. Меѓутоа, економијата и реформските напори во земјата не смеат да запрат. Шпанија има еден од најголемите буџетски дефицити во еврозоната. Во изминатите неколку години со драстични мерки за штедење земјата успеа речиси двојно да го намали дефицитот. И другите две влијателни рејтинг агенции Стандард и Пурс и Фич неодамна се изјаснија позитивно за Шпанија.