1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мудис го намали кредитниот рејтинг на Грција

3 март 2012

Рејтинг агенција Мудс го намали кредитниот рејтинг на Грција. Ризикот за платежна неспособност останува висок, образложи Мудис. Претходно и другите две американски агенции го намалија бонитетот на Грција.

https://p.dw.com/p/14ESQ
Фотографија: AP

Американската рејтинг агенција Мудис го намали кредитиниот рејтинг на Грција на предбанкротно ниво „С“ од претходно „Са“, обајвено е денеска во Њујорк. Ројтерс наведува дека Мудис, третата кредитна агенција на крајот од минатиот и почетокот на овој месец го намали кредитниот рејтинг на Грција, и покрај тоа што на Атина оваа недела и е одобрена првата транша на новиот заем од ЕУ за подмирување на должничките обврзници.

Аргументот на агенцијата за намалување на рејтингот на Грција е дека приватните кредитори претрпеле загуби на државните обврзници, по неодамна постигнатиот договор за отпишувањето на 107 милијарди евра од долгот.

На почетокот од оваа недела и рејтинг агенцијата Стандард и пурс исто така го намали кредитниот рејтинг на Грција до ниво на „селективен банкрот“, а минатата недела се огласи и третата рејтинг агенција Фич која исто така го намали грчкиот кредитен рејтинг.

Земјите членки на ЕУ на 21 февруари одлучија да го прифатат новиот план за финансиска помош на Грција за оваа земја да го избегне банкрот и со тоа да ја доведе во опасност целата еврозона. Планот на ЕУ предвидува, меѓу останатото, отпис на грчкиот долг во вредност од 107 милијарди евра и одобрување на новиот заем од 130 милијарди евра.

Автор: АТ/ СН/ мф

Редактор: Симе Недевски